Според најавите, владината тројка со парламентарната осумка, ќе има средба откако Заев ќе побара судот да ги ослободи од рочиште и тројцата пратеници обвинети за 27 април

Објавил: Мирко Бачиќ | 29 октомври, 2018 12:57

Канческа Милевска ќе решава за Северна со Заев, Димитров и Дескоска

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Попладнево во Собрание премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи, Никола Димитров и министерката за правда, Рената Дескоска ќе се сретнат со координаторката на новоформиранта пратеничка група.

Според собраниски извори на средбата освен премиерот и двајцата министри ќе бидат и седумте колеги, опозициски пратеници, а тема ќе биде консултација за уставните амандмани, како потврдува за висок владин функционер.

Според истиот извор, владината тројка и осумтемината пратеници ќе се координираат околу условите кои ги поставија пратениците за да гласаат за отворање на Уставот.

Тие бараат амандмански да се зајакне заштитата на идентитетот, македонскиот јазик, како и употребата на терминот Северна Македонија за внатрешна употреба да биде врзано за членството во ЕУ.

Се очекува да се разговара и за таканареченото тело за помирување за настаните од 27 април.

Според извори од пратеничката група на опозициските пратеници, тие на премиерот Заев и на министрите ќе им ги претстават конкретно нивните предлози на хартија, а очекувањата се да присуствуваат и тројцата обвинети пратеници за 27 април, иако во Кривичниот суд денеска има ново рочиште за 27 април.

Од пратеничката група на Канческа Милевска немаат став за предлог Законот за амнестија поднесен денес до Собранието на Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести