За вечерашниот натпревар никој не се надеваше дека македонскиот тим ќе може да направи чудо, но ете се случи, Вардар уште еднаш не направи горди.

Објавил: Катерина Крстиќ | 1 јуни, 2019 22:46

Караџиќ по победата: Се фалеа „Ние сме Барса”, епа „Ние сме Вардар“

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Македонскиот ракометен првак Вардар со неверојатна игра во второто полувреме успеа да ја совлада Барселона во Келн. Македонскиот тим се врати од седум голови негатива и утре во финалето со Веспрем ќе се бори за шампионската титула.

Вардар ја совлада Барселона во Келн

За вечерашниот натпревар никој не се надеваше дека македонскиот тим ќе може да направи чудо, но ете се случи, Вардар уште еднаш не направи горди.

По неверојатниот пресврт во Келн кои го направија ракометарите на Вардар во последните четири минути од натпреварот, вардарци утре ќе го играат своето второ финале во Лигата на шампионите.

Противник на црвено црните ќе биде Веспрем, на завршниот меч од ракометната Лига на шампиони за сезоната 2018/19. Натпреварот  ќе се игра утре во Келн со почеток во 18 часот.

Инаку за посветеноста и љубовта кон клубот говори и херојскиот потег на Игор Карачиќ на крајот од натпреварот, кој заигра на мечот и покрај тоа што бил болен.

„Три дена тренирам со 39 температура, не знам можеби дехидрација е во прашање. Не знам што е. Некаде околу 50. минута почувствував грчеви на двата листа и на крајот на шут едноставно ме пресече. Ќе видам што е кога ќе отидам во болница“, објасни Хрватот пред натпреварот.

По натпреварот тој во изјава за екипа.мк истакна дека за него Вардар е најголемо богатство.

„Одиграа одлично во првото полувреме, но ние покажавме карактер и успеавме да се вратиме. Благодарност до сите што ни даваат поддршка во овој период, да не се повторуваме за сите проблеми со кои се соочуваме. Покажавме и квалитет и карактер и го победивме моќниот противник. Се фалеа „Ние сме Барса“ како нивни слоган, епа „Ние сме Вардар“ и сите видоа што значи тоа. На ред е Веспрем, тим што како и Баселона е преполн со врвни ракометари, но ќе сториме се за да стигнеме до трофејот“ – порача хрватскиот ас во дресот на Вардар.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Ракомет

Вечерва во Скопје падна селекцијата на Швајцарија(29-28), а Филип Кузмановски по мечот изјави дека противникот беше многу мотивиран за да слави победа, но напомена дека оваа Македонија нема да му попушти никому.

Квалификации за ЕП: Македонија ја совлада Швајцарија

Ракометната репрезентација на Македонија со победа ги запечати најуспешните квалификации...

Чиле одржуваше предност од два гола (2-4, 4-6, 5-7). Со мини серија од два гола, на Стоилов и Костески израмнивме во 16 минута на 7-7. Првиот гол Лазаров го постигна минута подоцна.

Чиле ПАДНА НА КОЛЕНА: Македонија оди во главна фаза на СП!

Македонската ракометна репрезентација го доби дуелот со Чиле со 32-29 (16-17) и обезбеди...

Еден од ракометарите на „вардарци“ во изминатите денови покажал симптоми на болеста, а по тестирањето добил позитивен резултат, по што се наоѓа во самоизолација.

Коронавирусот се врати во РК Вардар!

Лоша вест за РК Вардар – коронавирусот се врати во редовите на актуелниот европски...