Имено, таа им помагала на бегалците во сириската граѓанска војна во локалната болница, кога припадници на терористичката организација ја киднапирале.

Објавил: Весна Петровска | 29 октомври, 2019 12:22

Карла била силувана и терана да премине во Ислам од страна на Багдади – одбивањето го платила со смрт

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Страшни сознанија за делата на лидетот на ИСИС, мачел, силуавал, убивал. Таква страшна приказна има за Американкара Кајла Милер  која била на возраст од 26 години  била киднапирана додека работела како хуманитарка во Алепо во 2013 година

Имено, таа им помагала на бегалците во сириската граѓанска војна во локалната болница, кога припадници на терористичката организација ја киднапирале.

Таа цели две години поминала во заробеништво, каде преживеала разни видови тортури од страна на Исламската држава како и од самиот лидер Абу Бакр ал-Багдади.

„Ми беше кажано дека Кајла била мачена, дека била сопственост на Багдади. Владата тоа ни го соопшти“, рекле тогаш нејзините родители, Карл и Марша за АБЦ њуз.

Тие тогаш изјавиле дека Кајла била повеќе пати силувана од Багдади. Тој лично ја однеч во куќата на еден од шефовите на ИД, Абу Сафаја, кој бил задолжен за нафта и гас во ИД, се додека не загинал.

Надлежните информации за злоставување добиле од најмалку две девојки кои џихадистите ги чувале како заробеници и сексуални робинки. Исто така, Кајла била навредувања, терана на принудно работење и физички била малтретирана. Сакале да ја примораат да се откаже од христијанството и да премине во исламот, но таа одбила.

Милер, после многу силувања била убиена во 2015 година. И додека Исламската држава тогаш тврдела дека Кајла Милер бил убиена за време на јорданскиот воздушен напад, САД за нејзината смрт ја обвиниле ИД.

Американката за која медиумите, пренесувајќи проверени информации, тврделе дека помагала на други заробеници, убиена била под наредба на Багдади, а ја усмртил еден од неговите помошници.

Нејзиното тело никогаш не било најдено. Од 2015 година нејзините родители неколку пати патувале во Сирија и дури тајно се состанувале со нејзините киднапери од ИД за да ги преземат останките. Но, никогаш не ги добиле.

После убиството на Багдади, родителите на Американката го пофалиле претседателот на САД, Доналд Трамп поради специјалната операција која резултирала со негова смрт.

„Кајла денес можеше да биде жива ако Обама тогаш беше одлучен, како што сега беше Трамп“, изјавила мајката Марша Милер, а таткото изразил благодарност кон американскиот генерал Марко Мили: „Му благодарам што оваа операција ја посвети на нашата ќерка“, рекол Карл Милер.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.