Убиството на 35 годишниот Кацифас, кој синоќа отвори оган врз албанската полциција, ги подигна алармите на нетолеранција и во Атина и во Тирана, до точка на вриење

Објавил: Мирко Бачиќ | 29 октомври, 2018 11:29

“Катимерини:”: Рама го опиша убиениот Грк како луд човек

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Неколку часа откако Грк беше убиен во јужна Албанија за време на престрелка со албанската полиција, премиерот на Албанија, Еди Рама, долеа масло во огнот преку порака на Твитер.

Рама на социјалните мрежи ја опиша жртвата како „луд човек“, пишува грчкиот весник „Катимерини“.

Во пораката, Рама вели дека полицијата само си ја вршела работата.

Драги соседи. Во инцидентот животот го загуби луд човек, кој отвори оган врз полицијата што си ја вршеше работата. Да му заблагодариме на Господ што не загубивме невини луѓе поради екстремистичко лудило. – напишал Рама на социјалната мрежа.

Синоќа припадници на албанската полиција убија Грк недалеку од границата на двете држави, откако тој претходно отворил оган кон нив.

Константинос Кацифас (35) со „калашников“ пукал кон албански полицајци кои сакале да го тргнат грчкото знаме поставено на воените гробишта кај селото Буларат, недалеку од границата со Грција, јавија албанските медиуми.

Инцидентот се случил во моментот кога жителите на ова село, од кои мнозинството Грци, го одбележувале влегувањето на Грција во Втората светска војна во 1940 година.

Откако пукал, Кацифас избегал во шумата во близина. Полицајците успеале да го стигнат по што почнала престрелката во која тој бил убиен.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.