Нема промена во полицискиот час, и оваа недела останува до 19 часот....

Објавил: Катерина Крстиќ | 18 мај, 2020 20:10

Кафулињата се отвораат во петок или сабота, нема промена во полицискиот час!

Фото/Текст извор: ©Фактор.мк фото сигнал.мк

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок не дефинирала нови мерки, единствено разговарале за можно отворање на кафулињата, дознава Фактор.мк.

Оттаму Фактор.мк велат дека угостителските објекти, кафулињата најверојатно ќе бидат отворени во петок, најдоцна во сабота, но напоменуваат дека утре дефинитивно ќе се знае.

Истовремено велат дека полицискиот час до 19.00 за сега останува на сила.

Сметаат дека треба да има поголема контрола за спроведување на безбедноста, а како пример го споменуваат моловите, нагласувајќи дека не може да биде преполн, а никој да не носи маска.

Во такви случаи, како што истакнуваат од Комисијата за заразни болести, редарските служби мора да реагираат и да се инсистира на задолжително почитување на протоколите за заштита од корона вирусот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести