На Кацарска при распитот на сведокот Петре Шилегов и сметаше што бил тивок, па никој ништо не го слушал што зборува, по што Шилегов почнал да вика во судот

Објавил: Мирко Бачиќ | 7 септември, 2018 8:55

Кацарска до Шилегов: “Во Собрание се дерите а овде шепотите”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателката на Судечкиот совет кој го води случајот за упадот во Собранието на Република Македонија, Добила Кацарска на самиот почеток од продолжението на рочиште го опомена актуелниот градоначалник на Скопје и поранешен пратеник, Петре Шилегов да зборува погласно бидејќи никој не може да го слушне.

Кога сте во Собрание викате, а кога ќе дојдете во суд не можеме да ве слушнеме, му се обрати судијката Кацарска на Шилегов.

На ова, актуелниот градоначалник одговори дека не вика од причина да не ги исплаши присутните во судницата.

Не викам за да не исплашам некој, ако треба можам јас погласно не е проблем, рече Шилегов со повишен тон.

Шилегов на почетокот од сведочењето даде 10-минутно објаснување за конструкцијата на Собранието со цел да појасни колку е сложено да се стигне до прес центарот каде се случи нападот врз пратениците.

Градоначалникот на Скопје е втор сведок на рочиште по пратеникот Мухамед Зеќири а следното рочиште сведоци ќе се Зоран Заев, Оливер Спасовски, Никола Тодоров.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.