Омилената судијка на СЈО по проценка останува во Кривичниот суд, каде на Заев му е најпотребна, напредувањето во службата останува за некои "подобри" времиња

Објавил: Мартин Попоски | 30 октомври, 2018 11:18

Кацарска “извиси”, Димовска нов претседател на Апелација

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Лидија Димчевска е избрана за претседател на Апелациониот суд Скопје, која досега беше веде претседател.

За изборот за претседател на Апелација имаше 11 кандидати, меѓу нив судијката Добрила Кацарска, која го суди предметот за инцидентите од собранието на 27-ми април, но и му пресуди затворска казна на поранешниот премиер Груевски за случајот Тенк.

Кандидати беа и судијата Огнен Ставрев, кој го суди Монструм, како и актуелната в.д. претседателка Лидија Димевска.

Судскиот судскиот совет треба да избере и по еден судија во Апелација и Врховен. За судија на Апелација има 22 кандидати, а за Врховен четворица

Апелациониот суд, кој одлучува за првостепените пресуди за предметите на СЈО, но и за сите кривични пресуди од скопскиот кривичен суд, се уште е со в.д. претседател од почетокот на годинава, кога претходната претседателка Лилјана Ивановска Шопова замина во пензија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.