Ким Јонг Ун не се појави на роденденот на неговиот дедо на 15 април, што предизвика гласини за можното нарушување на неговото здравје.

Објавил: Катерина Крстиќ | 21 април, 2020 10:09

Ким Јонг-ун во критична состојба по операцијата- еве кога е виден последен пат!?

Фото/Текст извор: ©Kurir.rs/Tanjug

Соединетите американски држави ги следат информациите од тајните разузнавачки служби, дека лидерот на Северна Кореја Ким Јонг-ун е во смртоносна опасност по операцијата, се вели во соопштението на Си-Ен-Ен од неименуван американски функционер, за кого велат дека бил сведок на инцидентот.

Ким Јонг Ун не се појави на роденденот на неговиот дедо на 15 април, што предизвика гласини за можното нарушување на неговото здравје.

Северна Кореја строго ги контролира информациите, особено оние кои се поврзани со лидерот Ким Јонг Ун, кого народот го третира како БОГ  според Си-Ен-Ен, а според аналитичарите, тешко е да се процени дали оваа информација за неговото здравје е вистинита.

Тој последен пат беше виден пред четири дена на состанокот на владата.

Друг официјален претставник на САД потврди за Си-Ен-Ен дека има нарушување на здравјето на Ким Јонг Ун, но дека се уште не може да се оцени тежината на ситуацијата.

Јужнокорејскиот онлајн весник Дејли НК, фокусиран на настани во Северна Кореја, објави дека Ким Јонг Ун бил подложен на некаков вид кардиоваскуларен зафат на 12 април, како резултат на ефектите од пушењето, дебелината и премор.

Иако Си-Ен-Ен не може да ги потврди овие информации, неофицијален извор изјави дека лидерот на Северна Кореја се опоравува и е под лекарски надзор по операцијата.

Националниот совет за безбедност и Кабинетот на директорот за национално разузнавање одбија да коментираат и да дадат одговор на прашањето на Си-Ен-Ен за состојбата на лидерите на Северна Кореја.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.