Под владеење на Ким, војската е зајакната до тој степен што земјата се смета за „глобална воена сила“, се вели во статијата, додавајќи дека не е далечна иднина во која економскиот сектор ќе доживее успех од светска класа.

Објавил: Катерина Крстиќ | 19 мај, 2020 17:44

НАШИОТ ЛИДЕР НЕМА СЛОБОДНИ ДЕНОВИ, НЕ ОДИ НА ОДМОР А НЕМА ВРЕМЕ НИ ЗА СПИЕЊЕ: Еве што пишуваат во Северна Кореја за Ким!

Фото/Текст извор: ©Kurir.rs/Njujork post/Telegraf.rs

Водачот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун, можеби не го гледаме скоро во јавноста, но тој работи 365 дена годишно – тој не оди на одмори, роденденски забави, па дури и нема време да спие, јавуваат корејските државни медиуми.

„Од самиот почеток, во календарот на нашиот водач нема денови за одмор, празници или родендени“, пишува специјален напис објавен во весникот Родонг Синун, јавува НК Њуз со седиште во Јужна Кореја.

 

Официјалниот весник на Централниот комитет на Работничката партија на Кореја ја посвети целата прва страница на првите осум години од владеењето на Ким, пренесува Њујорк пост.

„Нашата партија даде приоритет на благосостојбата на луѓето во креирањето и спроведувањето на сите политики“, продолжува.

Написот, објавен во саботата, следеше откако Ким повторно не беше виден во јавноста  повеќе од две недели, по првото мистериозно исчезнување, што доведе до шпекулации за неговото здравје.

После три недели исчезнување, Ким се појави на 1 мај на отворањето на фабрика во близина на Пјонгјанг.

Сепак, шпекулациите за неговото здравје продолжуваат, вклучително и дека тој има двојник.

Родонг потенцира дека „Врховниот лидер Ким Јонг Ун во моментов го продолжува редоследот на распоредот и работи дури и без спиење, без одмор“.

Написот се фокусира на неговата политика „прво народот“, додавајќи дека тој не се двоуми да ги казни оние што ја злоупотребуваат својата позиција – веројатно упатувајќи на неговата наредба до армијата да ја елиминира корупцијата во нејзините редови.

Весникот исто така ја пофали љубовта на Ким кон луѓето и го поздрави неговото раководство и покрај „невидените тешкотии“ и „тешките услови“ низ кои минува земјата, вклучително и „притисокот“ на странските сили.

„Силите на непријателот вршат невиден притисок со висок интензитет врз Пјонгјанг“, пишува Родонг, тврдејќи дека ваквиот притисок се засилил кога Ким го наследил неговиот починат татко Ким Јонг Ил.

„Империјалистите ја сметаа промената на нашата револуционерна генерација како златна можност за спроведување на анти-ДПРК стратегијата пред половина век, со цел да нè соборат и да се мобилизираат сите методи“, се наведува во статијата, критикувајќи го „притисокот“ на Северот.

Под владеење на Ким, војската е зајакната до тој степен што земјата се смета за „глобална воена сила“, се вели во статијата, додавајќи дека не е далечна иднина во која економскиот сектор ќе доживее успех од светска класа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.