Ким во Пекинг ќе се сретне со кинескиот претседател Си Џинпинг

Објавил: admin@magazin | 19 јуни, 2018 8:15

Ким Џонг-ун во посета на Кина

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун денеска ќе пристигне во дводневна посета на Кина, јавуваат кинеските медиуми.

Ким во Пекинг ќе се сретне со кинескиот претседател Си Џинпинг, средба која доаѓа по неговиот историски состанок со американскиот претседател Доналд Трамп во Сингапур минатата недела.

Ова е трета посета на Ким на Кина за три месеци. Во март неговата прва посета во странство откако дојде на власт во 2011 година беше токму на Пекинг, а во мај го посети градот Далијан во североисточна Кина.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.