Од 11 до 16 јуни во Пекинг биле пријавени нови 137 случаи на коронавирус, објави China Radio International. Според она што го објавија тамошните медиуми наводно новите случаи на коронавирус се поврзани со пазарот на големо, Синфади во областа Фенгтаи.

Објавил: Катерина Крстиќ | 18 јуни, 2020 10:55

Кинески научници со шокантно откритие: Коронавируот во Пекинг е различен, досега не бил регистриран во Кина!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото дојче веле

Главниот епидемиолог на кинескиот центар за контрола и превенција на болести, Ву Кунџу, изјави дека вирусот кој се појави во Пекинг е различен од вирусот Ковид 19 кој се појави во Вухан.

Новите случаи на коронавирус во главниот град на Кина се увезени, изјави за CGTN, Кунџу.

Беше затворен пазарот Ксинфади, во округот Фенгтаи во јужен Пекинг,  затоа што се поврзува со повеќето нови случаи на инфекција.

Од 11 до 16 јуни во Пекинг биле пријавени нови 137 случаи на коронавирус, објави China Radio International. Според она што го објавија тамошните медиуми наводно новите случаи на коронавирус се поврзани со пазарот на големо, Синфади во областа Фенгтаи.

Во интервју за CGTN, Ву Кунџу изјави дека е јасно дека сојот на вирусот во Пекинг е всушност главниот сој на вирусот во европските земји.

Вирусот очигледно пристигнал во Кина и Пекинг од странство, Европскиот сој на вирусот е распространет во многу други земји, но не и во Кина, истакна тој.

Пред неколку дена Пекинг беше прогласен за ново жариште на коронавирус, откако кај неколку десетици жители беше докажано дека се позитивни на коронавирусот. Итно беше спроведен карантин во 11 градски окрузи.

Беше затворен пазарот Ксинфади, во округот Фенгтаи во јужен Пекинг,  затоа што се поврзува со повеќето нови случаи на инфекција.

Властите го затворија пазарот, како и пазарот за морска храна кој го посетило едно од заразените лица за да извршат дезинфекција и да соберат примероци за анализа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.