Поранешниот претседател на Соединетите држави во документарецот вели дека кога ја запознал Моника, тој бил под голем стрес во својата работа и дека аферата со неа му помогнала да се справи со неговите проблеми и „да ги насочи мислите на друга страна“.

Објавил: Катерина Крстиќ | 6 март, 2020 11:24

КЛИНТОН КОНЕЧНО ОТКРИ ДЕТАЛИ ЗА НЕГОВАТА АФЕРА: Бев со Моника поради стрес, пеколот започна кога морав да и кажам на Хилари

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Новиот документарен филм за Хилари Клинтон открива и нешто повеќе за најпознатиот секс-скандал во Белата куќа – аферата на нејзиниот сопруг Бил Клинтон и Моника Левински.

Поранешниот претседател на Соединетите држави во документарецот вели дека кога ја запознал Моника, тој бил под голем стрес во својата работа и дека аферата со неа му помогнала да се справи со неговите проблеми и „да ги насочи мислите на друга страна“.

Клинтон објасни дека аферата што речиси ја уништи неговата кариера била начин да се справи со вознемиреноста и притисокот што го чувствувал додека ја водел државата.

Во документарецот, тој исто така раскажа како морал да и ’ја каже вистината на сопругата Хилари во 1998 година, по што следело болно брачно советување.

Вели се чувствувал како боксер кој одигра 30 рунди, па неговата романса со тогашната 22-годишна Моника Левински била начин да се опушти некое време.

„Никој не размислува за ризикот“, рече Клинтон во четиричасовниот документарен филм што ќе биде објавен во петок.

Исто така, Клинтон овој пат јавно и се извини на Левински, додавајќи дека му е жал што таа станала позната ширум светот откако било откриено за нивната врска. Клинтон последен пат проговори за скандалот во 2018 година и предизвика бес во јавноста кога рече дека не и должи на Левински јавно извинување.

Во документарецот, тој исто така раскажа како морал да и ’ја каже вистината на сопругата Хилари во 1998 година, по што следело болно брачно советување.

“Седнав на креветот и разговарав со неа. И раскажав сè што се случи и кога и како се случи. И признав дека се чувствувам ужасно. Поминавме низ многу работи во последните неколку години. Она што го направив беше непростливо”, рече Бил. 

Хилари исто така го коментираше скандалот пред камерите.

„Бев скршена, ова толку многу ме повреди што не можев да верувам … Не можев да верувам дека ме изневерувал“, рече таа и додаде дека во тој момент му рекла на Бил дека мора да и ја каже вистината на својата ќерка, што му задало уште поголем товар на Клинтон.

На прашањето зошто го ризикувал бракот, семејството и кариерата, Бил во документарецот признава дека не размислувал за тие работи во тој момент. Како што вели, притисокот врз должноста во Белата куќа бил преголем и му требало нешто за да му го одвлече умот.

„Ова не е мое оправдување, туку објаснување. Се чувствувам ужасно“, рече тој.

По сето тоа следувало брачно советување. Хилари рече дека тие сесии биле проследени со „болни дискусии“, а Бил се согласи со неа.

„Советувањето беше најтешко нешто што требаше да направам, но тоа беше неопходно. Таа го заслужи тоа, како и нашата ќерка Челси“, рече Бил.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.