Иако за време на претседателската кампања, се тврдеше дека Русија стои позади хакираниот маил на Хилари, Трамп со изјава дека тоа е Кина

Објавил: Мирко Бачиќ | 29 август, 2018 14:18

Трамп: Кина ја хакираше електронската пошта на Хилари Клинтон

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Американскиот преседател Доналд Трамп изјави дека Кина ја хакирала електронската пошта на поранешната претседателска кандидтка Хилари Клинтон.

Но, Трамп не понуди докази за таквото тврдење.

– Електронската пошта на Хилари Клинтон, во која имаше многу доверливи информации, ги хакираше Кина. Следниот чекор подобро да биде од ФБИ, ДОЈ или по сите нивни грешки (Коми, Мекејб, Пејџ, ФИСА), нивниот кредибилитет ќе исчезне засекогаш, напиша Трамп на Твитер.

На тврдењата на Трамп одговори Министерството за надворешни работи на Кина, истакнувајќи оти таквите обвинувања „не се ништо ново“.

– Кина е врвен експерт за кибер безбедност и се спротиставува на сите форми на хакерски напади, изјави портпаролката на кинеското МНР, Хуа Чунин.

Американските разузнавачки служби ја обвинија Русија за хакирање на електронската пошта на Хилари Клинтон за време на кампањата за претседателските избори во САД.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.