Мицковски беше отстранет од СДСМ по директна наредба на Шекеринска, која не сакаше да ги слуша неговите критки, кои од оваа перспектива ќе и се одбијат од сопствената глава

Објавил: Мирко Бачиќ | 25 ноември, 2018 11:29

Кога народот ќе нема за леб, за ден – два, ќе ве прегази

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Граѓанскиот активист и поранешен висок функционер на СДСМ, Ивор Мицковски на социјалните мрежи испрати порака до власта, дека денот до кога ќе се на функции најмалку зависи од нив.

Мицковски на социјалните мрежи, напиша:

За Југохром владин кредит, за големите загадувачи никаква контрола или казни.

За обичниот граѓанин, најчесто мизерен сопственик на старо возило, црвена налепница и идна забрана да се движи.

За тој што има пари, плус субвенција за хибрид или електрично возило.

Од криминалниот буџет кој Македонија не би смеела да си го дозволи, трошки за загадувањето и животната средина.

На локално ниво, Скопје ќе потроши 300 илјади евра за Европска Нова година.

На министерско ниво, не се бават со граѓанинот.

Е па не може бе другари, келнерката, работникот, прекаријатот кој пали кола или фаќа автобус да ја плаќа и да плаќа за загадувањето, а вие парите да ги ставате или во џеб или да ги фрлате на луксуз и забава.

Еден ден ќе пукне филмот, па стварно полицијата ќе мора да ве брани од демонстранти кои “Сакаат леб”. – пишува Мицковски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.