Собраниската комисија за уставни прашања со 10 гласа "за" и пет против, го усвои 33-тиот амандман на Уставот, со што Македонија се самонегира во нова држава, Северна Македонија

Објавил: Мартин Попоски | 8 ноември, 2018 12:52

Комисијата го усвои амандманот за Северна, Македонија се самонегира

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Комисијата за уставни прашања на Собранието на Република Македонија го усвои 33-тиот амандман на уставот на Република Македонија.

Денес е втор ден расправа за првиот нацрт амандманите од уставните измени. 

Комисијата за уставни прашања го поддржа првиот нацрт амандман на Уставот, за кој 10 члена гласаа „за“, пет беа против.

Овој амандман, се однесува за замена на зборот „Република Македонија“ со зборовите „Република Северна Македонија“, освен во во членот 36 каде што името има историски контекст.

Овој амандман ќе влијае врз 55 члена на уставот каде во над 250 именувања, именката Македонија и придавките Македонски, Македонска, Македонско ќе бидат корегирано согласно новото име.

По ова Талат Џафери веднаш ја отвори расправата по 34-тиот амандман кој се однесува на промени во Преамбулата во делот на бришење на АСНОМ и впишување на Охридскиот рамковен договор.

Џафери претходно го цензурираше преносот на Собранискиот канал, иако по Деловникот за работа на законодавниот дом, тоа е правна обврска.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.