Австрија го забрани користењето на симболите на хрватските фашисти, најчесто видени на спортските трибини, со казна од 4.000 евра или една година затвор

Објавил: Мирко Бачиќ | 2 октомври, 2018 9:52

Користењето усташки симболи во Австрија ќе се казнува со 4 000 евра

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Австрискиот министер за внатрешни работи, Херберт Кикл, најави дека земјата ќе ја прошири листата на забранети симболи.

Според австрискиот весник “Клајне цајтунг”, досега на листата на забранети симболи биле оние кои се однесуваат на Исламска држава и Ал Каеда.

Сепак, од 2019 година листата ќе биде проширена и ќе вклучува симболи на екстремистички групи како што се Хамас, ПКК, Муслиманско братство и турската организација “Сиви волци”.

“Клајне цајтунг” наведува дека на листата ќе се најдат и симболите на хрватските фашисти, кои за време на Светското првенство во фудбал ги користеле хрватските навивачи во Австрија.

Казната за користење на овие симболи ќе биде 4 000 евра или затвор до една година, пишува весникот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Европа

- Русија мора да биде принудена да го почитува меѓународното право и да престане со агресивните активности и активности насочени кон монополизирање на енергетската ситуација во Европа. Додека не го направат тоа, нема да бидат партнер, прво треба да се однесуваат како нормална држава. Тие сакаат да го прошират своето влијание, а денеска разговарав со Ѓукановиќ за тоа. За агресијата во Украина, обидите за дестабилизација на ситуацијата во БиХ, Косово... Треба да го запреме тоа и тоа беше тема на разговорот и пред се прашањата што му ги поставив на претседателот како личност која ја познава политиката во регионот и ја знае ситуацијата совршено, во најситни детали - рече тој е Дуда.

Ѓукановиќ вели дека сме сведоци на значителен пустош на општествата од Западен Балкан.

- Ова е последица на отсуството на попроактивна политика за проширување на ЕУ, но и искористување на тој простор од деструктивната политика на Русија. Мислам дека тоа е нешто што не обврзува да се обидеме да го спречиме идното оддалечување на регионот од евроатлантскиот автопат. Русија се обидува да ги врати правилата на политиката на Студената војна преку ревизија на историјата и да го искористи правото да одлучува за судбината на другите - смета Ѓукановиќ.


Тој смета дека Европа минува низ историски тест.

- Или ќе го запреме агресорот и потоа ќе го казниме со политичката и правната казна што следува по тој што убива народ. Или ќе им ја отвориме вратата на идните агресори. Затоа мислам дека ова е историско судење - посочува Ѓукановиќ.

Ѓукановиќ бара казна за Русија: Или Европа ќе го запре агресорот или ќе ги отвориме вратите за идните агресори

Правото што Црна Гора го бараше со враќање на независноста и слободно избирање на својот...

Меѓу самостојните надлежности во Швајцарија спаѓаат здравството, социјалата, редот и мирот и образованието, и данокот.

Сите зборуваат за Швајцарија а многу малку знаат за Вестфалскииот мир

Швајцарија е поделена на 26 кантони — сојузни единици што ја сочинуваат државата. Од...