Вухан потврди пет нови случаи во време кога Кина бележи благ пораст на бројот на заразени. Кинеските власти соопштија денеска дека се потврдени 17 нови случаи на инфекција, три повеќе од претходниот ден. Од новите случаи, седум се поврзани со патувања во странство, додека останатите 10 случаи се верува дека се поврзани со локалниот пренос.

Објавил: Катерина Крстиќ | 11 мај, 2020 11:02

КОРОНАВИРУСОТ ПОВТОРНО СЕ ВРАТИ ВО ВУХАН: Потврдени пет нови случаи!

Фото/Текст извор: ©Kurir.rs/Klix.ba

Пет нови случаи на коронавирус се регистрирани во Вухан, Кина,  центарот од каде и започна пандемијата на корона.

Вухан потврди пет нови случаи во време кога Кина бележи благ пораст на бројот на заразени. Кинеските власти соопштија денеска дека се потврдени 17 нови случаи на инфекција, три повеќе од претходниот ден. Од новите случаи, седум се поврзани со патувања во странство, додека останатите 10 случаи се верува дека се поврзани со локалниот пренос.

Покрај пет случаи во Вухан, три се пријавени во провинцијата Јилин, еден во Лиаонинг и еден во провинцијата Хелонгџианг.

Иако овие бројки можеби не звучат алармантни со оглед на фактот дека во Кина имаше илјадници позитивни на коронавирус дневно во февруари, сепак ова е најголем пораст на бројот на заразени лица од 28 април.

Вухан минатиот месец го прослави оздравувањето на последниот сериозно болен пациент заразен со коронавирус, а новите случаи може да ги загрижат надлежните од овој град затоа што ова е најголем број на заболени во изминатите два месеци.

Последниот пат кога во Вухан беа регистрирани повеќе од пет случаи на инфекција беше на 11 март, кога беа потврдени осум новозаразени лица, пренесува Russia Today.

Во април беа укинати ограничувањата за патувања во Вухан по 76 дена карантин.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.