„Пациентка стигнала со авион на „Визер“ од Барселона, патувала со заштитна маска и ракавици“, рече министерот.

Објавил: Перо Милчин | 14 март, 2020 20:15

КОРОНА ВИРУСОТ ЈА НАПАЃА МАКЕДОНИЈА: Уште шест лица позитивни на коронавирус, вкупно 18

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Шест нови лица се позитивни од коронавирус, со што се дијагностицирани вкупно 18 пациенти во земјава.

Министерот за здравство, Венко Филипче, рече дека денеска биле тестирани 12 лица. Од нив шест се позитивни – петмина од Дебар и една пациентка што стигнала од Шпанија.

Владата одлучи да ги затвори сите продавници во моловите, освен супер маркетите, продавниците за храна и аптеките, информираше министерот за здравство, Венко Филипче. Се забранува работата и на кафе баровите, клубовите, казината и спортските обложувалници, а рестораните и локалите кадешто се продава храна дејноста може да ја извршуваат само преку нарачки.

„Пациентка стигнала со авион на „Визер“ од Барселона, патувала со заштитна маска и ракавици“, рече министерот. За сите 51 патник од авионот е дадено решение за здравствен надзор, односно домашна самоизолација.

Согласно одлуката на Владата, од два патнички авиона на скопскиот аеродром пристигнати од ризични земји беа вратени вкупно 26 странски државјани.

Петте новодијагностицирани пациенти од Дебар, ќе останат да се лекуваат во Болницата во Дебар, согласно планот за третман на новодијагностицираните пациенти. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.