Косовската опозиција со барањето за седница на Собранието со цел да се ратификуваат договорите со ЕУ за да почнат да се користат 48 милиони евра од ИПА фондовите

Објавил: Мирко Бачиќ | 19 септември, 2018 9:47

Косовската опозиција бара итна ратификација на договорите со ЕУ

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Трите најголеми опозициски партии на Албанците во косовското Собрание, Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), Движењето Самоопределување (ВВ) и Социјалдемократската партија (ПСД) бараат одржување вонредна собраниска седница

Овој пар, со цел да се ратификуваат меѓународните договори со кои ќе се обезбедат милионски средства од Европската унија наменети за разни реформи.

Во соопштението објавено од ЛДК се вели дека трите партии, заедно со двајцата пратеници на партијата Алтернатива, кои се водат како независни пратеници, „во рамките на заложбите за благосостојба на граѓаните на Косово кои ќе имаат корист од ратификацијата на договорите меѓу ЕУ и Косово“, поднеле барање за свикување вонредна собраниска седница на која тие договори ќе се ратификуваат.

Знаејќи дека поддршката од ЕУ во процесот на евроинтеграциите на Република Косово, а посебно поддршката за исполнување на обврските кои произлегуваат од Договорот за стабилизација и асоцијација, како што се средствата кои произлегуваат од ратификацијата на Договорот на ИПА кој носи 48 милиони евра за Косово, програмата „Европа за граѓаните“, која му овозможува на Косово пристап до над 17 програми на ЕУ, како и поткрепата на ИТ-платформите и на реформата во политиките за образование и за млади, предвидени со програмата “Еразмус +“, потпишаните пратеници сметаат дека нивната ратификација треба да се случи што поскоро, се вели во соопштението на ЛДК.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.