магазин.мк додека траеше прес конференцијата на министерот Димитров ја објави содржината на новата Преамбула на Северна со која се брише АСНОМ, колегите ја цензурираа

Објавил: Мартин Попоски | 26 септември, 2018 13:41

Кој ги цензурира провладините и опозициските медиуми?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Премиерот Зоран Заев во своето гостување во Топ Тема на ТВ Телма, на поставено прашање од страна на публиката рече дека уставот ќе претрпи четири промени, а тоа би поминало во Собрание со еден амандман.

Заев истакна дека промените и не се така страшни и дека Уставните измени не се она што некој сака да го претстави.

Промените кои ќе треба да се направат доколку референдумот успее, според Заев се следните:

Додавање на географската одредница

Преамбула за зајакнување на конститутивните елементи на државноста преку АСНОМ

Член 3 – Зајакнување на непостоењето на аспирации надвор од територијата на Македонија, односно неповредливоста на границите. Да биде како во уставите на сите земји членки на ЕУ

Член 49 – Останува грижата за дијаспората комплетно, но по стандарди на ЕУ, како што стои во земјите членки на ЕУ

И изјавата на премиерот е лага.

Преамбулата е суштински дел од воведот во Уставот и магазин.мк прв ја објави во целост. Таа не може да се уреди збирно со членови од Уставот, најмалку со еден амандмам.

Во нацрт текстот на новата Преамбула токму “зајакнување на конститутивните елементи на државноста преку АСНОМ” e доведено во прашање затоа што се брише целосно “одлуките на АСНОМ”.

Членот 3 никогаш не ни бил предмет на дискусија но кога Заев јавно смета дека територијалниот интегритет на државата е обична уставна промена нека го објави во неговата нова содржина.

Воедно Член 49 има комплетна “европска” нота, па Република Северна Македонија комплетно се откажува од своите етнички заедници во соседните земји и тоа е уредено како барање и со Договорот со Бугарија и со Договорот од Преспа.

Магазин.мк по немањето реакции на колегите јавно го поставува прашањето кој има интерес од цензурирање на нацрт текстот на Преамбулата на Република Северна Македонија? Власта? Опозицијата? Бизнис заедницата?

Затоа што само тие три групи ја имаат моќта врз медиумскиот простор во Македонија а народот треба да биде навремено, коректно и вистинито информиран со цел да донесе исправна одлука пред претстојниот референдум за промена на името и негирање на Македонската нација.

Ексклузивно: Новата Преамбула на Република Северна Македонија

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.