Имаме ли ние Јавно Обвинителство кое треба да поднесе обвинение или пак докторот како  и во 2007 ќе остане надвор од законот?

Објавил: Македонка Димкин | 22 февруари, 2019 22:54

Кој е хирургот Ѕвонко Николовски, докторот кој поради поткуп бил веќе во Шутка?

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

ЗАРАДИ ПРИМАЊЕ ПОТКУП Абдоменалниот хирург во Градската болница, Ѕвонко Николовски (58), бил уапсен на 19 апрул 2007 година откако зел поткуп во висина од 200 евра за да изврши операција нахернија. Обележаните банкноти му биле дадени од роднини на оперираниот пациент, кој пак, бил тукушто опериран и лежел на одделението за интензивна нега, каде што заздравувал од зафатот.

Полициската екипа влегла во кабинетот на Николовски и при личниот претрес ги нашла обележаните банкноти. Николовски вчера беше пренесен во скопскиот Основен суд 1 каде што пред истражен судија даде исказ. Според полициските информации, случајот почнал во вторникот 17 април 2007 г, кога пациент од Скопје дошол во Градската болница за да биде опериран од хернија.

Николовски нему и на уште еден пациент, чии идентитети во интерес на истрагата не се соопштуваат, за истата операција им побарал по 200 евра. Истиот ден двајцата пациенти биле хоспитализирани за да ги подготват за операција. Во меѓувреме скопјанецот им кажал на најблиските дека хирургот Николовски од него побарал поткуп и тие одлучиле да го пријават случајот во полиција, од каде што им биле дадени две обележани банкноти во апоени од по 100 евра.

Така во петокот на 20 април по извршениот хируршки зафат роднините дошле да го посетат пациентот и тогаш биле повикани од хирургот во неговиот кабинет каде што тој ги побарал и ги добил парите. Веднаш потоа во кабинетот влегла полициска екипа, која извршила претрес и ги нашла парите во џеб од фармерките на Николовски.

Хирургот Ѕвонко Николовски работел и во болницата Шендети во Тетово:
Д-р Николовски голем дел од едукацијата ја има поминато во прочуена-та болница Сент Марко во Лондон, која е најпозната во светот за лекува-ње на заболувањата на дебелото црево и анусот. Тој е единствен во држа-вава кој го има поминато комплетно целиот едукативен процес и се стек-нал со знаења за лекување на овие болести, а во повеќе наврати за оваа проблематика се надо -образувал во странство. Со овие зборови во далечната 2009 година беше претставен докторот Николовски во болницата „Шендети„ каде што работел

Ова не е првпат хирургот Николовски да биде осомничен за примање поткуп. Досега десетина пациенти го обвиниле дека тој од нив барал поткуп за да изврши хируршка интервенција. Тоа го потврдуваат и негови колеги од Градската болница што велат дека и во минатото слушале поплаки дека Николовски барал пари и дека несовесно ги лечел.

Интересно е тоа дека во сите десетина случаи наредниот ден пациентите ги повлекувале своите пријави и Николовски минувал неказнето. Како што дознаваме тој само еднаш бил парично казнет заради примање поткуп и бил суспендиран.

Николовски бил однесен во притвор, но наредниот ден бил пуштен. Пред неколку години пациент јавно го обвини хирургот Николовски дека несовесно го лечел бидејќи по извршениот хируршки зафат во стомакот му заборавил пинцети. Во март 2007 под исто сомнение и на ист начин беше уапсен алергологот и директор на Клиниката за пулмологија Дејан Докиќ, кој пак, издржа петнаесетдневен притвор во истражниот затвор во Шутка. 

После сите овие сознанија се поставува прашањето: како во иднина да се заштитат пациентите во Република Македонија од несовесни и коруптивни лекари и дали се потребни уште починати пациенти, за некој да го повика „лажниот доктор„ на одговорност? Имаме ли ние Јавно Обвинителство кое треба да поднесе обвинение или пак докторот како  и во 2007 ќе остане надвор од законот?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Скандал

„Фокус“ дознава дека блиска роднина на Арсовска, уште пред да „пукне“ скандалот, со Турците преговарала за милионскиот тендер на „Водовод и канализација“, објавува весникот.

Фокус открива скандалозни тендерски контакти на близок човек на Арсовска со турски понудувач за проектот од 137 милиони евра

Во текст со наслов „МИЛИОНСКИ ТЕНДЕР” неделникот Фокус открива скандалозни информации...

Хаос и тензии во Собранието кои кулминираа со физичка пресметка. Ескалираше кавгата меѓу пратениците од власта и нивните колеги од ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса на Албанците кои сакаат да спречат да се донесе законско решение да не се парализира работата на судовите, Министерството за труд предлага продолжување на нивниот работен век до навршувањето 67 години со што би се продолжил работниот ангажман на 60 судии и 13 обвинители кои се на чекор до пензија.

(ВИДЕО) Милошоски повеќе пати удрен од Адеми, а погоден и со пластично шише вода фрлено кон него

Невиден скандал! Хаос и тензии во Собранието кои кулминираа со физичка пресметка. Ескалираше...

Овој инцидент докажува дека земјите членки на ЕУ мораат да ја заштитат и примат Македонија во своето заедништво имајќи ги предвид непријателските намери на соседните држави.

ОМД побара Рама да се извини за таканаречената шега „Иднaта Западна Бугарија“

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) – водечки глас за Македонците надвор од Македонија...