Груевски ја преминал границата со Србија со премолчено одобрение на Заев и Спасовски, постапката за политички азил ја започнала и спровела амбасадата на Унгарија во Белград

Објавил: Мартин Попоски | 15 ноември, 2018 11:45

Кој за што се испазарил со “бегството” на Груевски?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Повеќе од извесно е дека во Македонија сите знаеле дека поранешниот премиер Никола Груевски планира да пребега во Унгарија, само секој имал своја цена и цел.

Имено дека министерот за внатрешни работи знаел, е повеќе од извесно затоа што обезбедувањето на “декадниот режимски диктатор” го образложи со негово отповикување на обезбедувањето од шетата полициска управа.

Спасовски до сега не наиде на поддршка во докажувањето на својата невиност и незнаење за пребегот на поранешниот премиер Груевски. Поддршка доби само од својот работодавач, премиерот Зоран Заев.

Мал милион забелешки, особено од безбедносните експерти, говорат дека Спасовски се изгуби во “преводот”, осовено премолчувајќи неколку факти, како на пример зошто никој од МВР не проверил каде е Груевски четири дена, зошто на денот кога Груевски беше на пат или веќе пристигна во Будимпешта беа повикани медиумите за наводен претрес на празен стан?

Воедно Спасовски на првичните прес конференции не соопшти дека таа вечер биле пронајдени и сопругата на Груевски и неговата мајка, кои ги отвориле вратите од своите домови и потврдиле дека не знаат каде е Груевски.

Ова го отвори прашањето кој е третиот дом на поранешниот премиер?

Од партиски извори од владеачката партија дознаваме дека Спасовски само слепо ги следел инструкциите на својот претпоставен, премиерот Зоран Заев, со што го навлеког гневот на главниот фракционер во СДСМ, Радмила Шекеринска, која прво ја искористила приликата за огромен притисок врз Спасовски а со тоа и врз Заев за промена на Спасовски од виталното министерство, што е очигледно по тоа кој од политиколозите, идеолозите и независните партиски новинарски пера потврдуваат дека од Бихаќка знаеле за пребегот на Груевски.

Најголема корист од пребегот на Груевски има токму човекот кој и во четири обиди го уценуваше со прислушкуваните разговори, премиерот Зоран Заев. Без Груевски по фијаското на Мијалков, Тодоров и Јанчев за превземање на ВМРО – ДПМНЕ, полесно ќе ги помине уставните измени, полесно ќе се оправда зошто економијата е пред колапс но и полесно ќе се профилира како единствена политичка опција кај ДУИ за нова победа на претседателските избори со кандидат Албанец за претседател.

Шекеринска со ова го вратила своето место на главен кадровник, кој своите политики ги спроведува преку својот послушник, генералниот секретат на СДСМ, Александар Кирацоски.

Заев во својата изјава дека вина нема кај ниту еден државен орган, надополнета со реченицата дека можеби имало пропуст кај граничната полиција, стави до знаење дека сепак нешто знае.

Воедно и во претходната изјава на Заев стои дека Владата и МВР биле свесни дека Груевски пранира да пребега, но неможеле да уапсат слободен човек.

Со ова се отвора прашањето што по пребегот на Никола?

СЈО предметите кои ги води стануваат скоро беспредметни кога главниот протагонисот за нелегалното прислушкување Сашо Мијалков премолчено е веќе амнестиран, а со доделувањето на евентуален политички азил за политички прогон на Груевски се потврдува нелегитимноста на процесот.

Затоа е индикативно дека можеби и СЈО било информирано за оваа можност, како барањето за оценка на решението за затворската казна во Врховен суд не е ни ставено како точка на дневен ред веќе 21 ден.

Јанева и неуставното СЈО ја имаат епизодната улога. Таа ќе го добие долгопосакуваното озаконување на нејзиното постоење како посебно независн одделение при единственото Републичко Јавно Обинителство на Македонија, како доживотен обвинител. Процесите за СЈО ќе се користат по потреба и ќе губат на својот интензитет но и изречените мерки затвор.

Извори од истрагата говорат дека шпекулациите имаат за цел да се дефокусира јавноста и да се реализираат уставните промени.

Имено по бројните анонимни изјави, бегството е реализирано со знаење и на Заев и на Спасовски и со премолчено одобрение на самиот Груевски. Неофицијално се шпекулир дека бегството е изведено со камион на АРМ за кој била издадена наредба да не биде претресен на граничниот премин кон Србија.

Во Србија на Груевски не му бил потребен пасош, како веќе била исконтактирана амбасадата на Унгарија во Белград, од каде и започнало барањето за политички азил.

Прашање на време е да се потврди или демантира дека Груевски до Белград бил пренесен со премолчено одобрение на претседателот на Србија, Александар Николиќ, како се возел во возило на амбадата на Унгарија што де јуре не е територија на Република Србија.

Познавачите на дипломатскиот протокол за овој случај говорат дека после биле се лесно. Груевски можел да стигне до Унгарската граница по истиот пат, но овој пат со привремени документи како поднесител – барател на политички азил. Документите правно имаат тежина на патна исправа за влез во државата од која се побарува азил.

Шекеринска прва индиректно го откри планот на Заев, Спасовски и Грувески, и тоа само да го отстрани од владиниот кабинет министерот за внатрешни работи кој важи за десна рака на премиерот. Така ќе може слободно да го реализира сценариото 2002 – 2006 година кога во СДСМ промени три претседатели а во Владата четири премиери, зависно од потребите.

Со оваа постапка, откако и СЈО потврди дека Груевски на сметките има нула денари и ниту цент, како и ниту една недвижнина, иако се знае дека во Холандија има поприлично изведени градежни активности, јасно е дека процесот ќе заврши со озаконување на политичкиот прогон од СЈО со што постапките полека ќе згаснуваат.

Штета од ова би имало актуелното раководство на ВМРО – ДПМНЕ и самата партија, која конечно извлечена од канџите на Мијалков и Груевски ќе мора да се избори за своето место под политичкото небо во Македонија, коментари кои политиколозите често ги коментираат за целосна реформа по сите основи.

Заев признал или не дека знае за пребегот на Груевски, сепак ќе има поволност која е побитна од прогонот на СЈО, а тоа е поддршка за уставни измени, и тоа по два параметри, инстант апсење и приведување на актуелни пратеници на ВМРО – ДПМНЕ кои се против уставните измени, што го гледаме со случајот со немилите настани во Собранието минатата година, со што собраниската расправа за уставните амандмани би поминала тивко, речиси безгласно, давајќи му доволно време да убеди уште пратеници од опозицијата дека и политичкиот азил е подобра опција од затворот во Шутка.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.