Цеца се потруди свадбата да изгледа како кралска, како што до сега не е видена ни на телевизија.

Објавил: admin@magazin | 23 ноември, 2019 12:04

КРАЛСКИОТ МЕНИ ОД ЦЕЦА КОЈ ЧИНИ 75 ЕВРА ПО ЛИЦЕ: Татар бифтек, кралска салата, патка- ОВА Е МЕНИТО ОД СВАДБАТА НА ВЕКОТ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вељко Ражнатовиќ синот на познатата српска дива Цеца Ражнатовиќ и починатиот Аркан, се жени за 7 дена со својата избраничка Богдана. Свадбата на векот која ќе се одржи во недела, ќе биде топ тема во српските медиуми.

По тој повод Вељко Ражнатовиќ кој е син единец и неговата мајка Светлана Цеца Ражнатовиќ, пред една недела организираа ергенска забава каква што Србија не памети.

Извор близок до семејството Ражнатовиќ, пред извесно време откри дека младоженецот и сватовите ќе одат по невестата, откако ќе ја „купат“ ќе следува венчалната церемонија во храмот „Свети Сава“, а потоа и прославата во познат ресторан со минимум 500 гости.
Вељко и Богдана очекуваат и приновата идната година поради што сите се дополнително возбудени.

Свадбена фотографија од Цеца и Аркан од пред неколку години.

Според старите обичаи невестата треба да ја носи венчаницата од свекрвата, во овој случај тоа би била венчаницата на Цеца а Вељко на венчавката да биде облечен во униформата на Аркан.

Цеца ќе се потруди свадбата да изгледа како кралска, како што до сега не е видена ни на телевизија, пишува курир.рс

Две одела, три венчаници, најскап мени во елитен хотел во Србија е само еден дел од свадбата на векот, која ќе се одржи во недела.

Имено, Цеца за гостите се потрудила да бидат послужени со Ројал мени, кој чини 75 евра по лице и вклучува најексклузивни јадења и пијалаци. Само за хотелот Цеца треба да издвои 36.000 евра.

Кралскиот мени кои го одбрала Цеца чини 75 евра по лице, а се состои од предјадење, главно јадење, супа, десерт и пијалак.

Гостите ќе се послужат со татар бифтек, кралска салата на шефот Рудолф, лосос со кокосово млеко, патка прелиена со сос од боровница. Со главната торта која е тешка 70 килограми, ќе се служи шампањ МОЕТ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.