Што се однесува до оваа седма недела, тој рече дека може да се случи само вирусот да се пренесува во некои колективи - социјални или здравствени.

Објавил: Катерина Крстиќ | 21 април, 2020 11:11

КРАЈОТ НА ЕПИДЕМИЈАТА СЕ БЛИЖИ: Епидемиологот Кон открива кога ќе се укине вонредната состојба во Србија!

Фото/Текст извор: ©(Kurir.rs/Telegraf)

Епидемиологот Предраг Кон, член на Владиниот кабинет на Србија, соопшти утринава дека вонредната состојба е една од мерките што ќе бидат укинати прво, но реално е да се случи после празниците. Тој истакна дека вирусот во земјата сериозно слабее.

Српскиот епидемиологот Предраг Кон изјави дека вонредната состојба е нешто што прво ќе се укине во Србија. 

– Вонредна состојба е нешто што прво ќе се укине, но пред нас имаме и одредени празници кога ќе се собереме во група за да прославуваме. Реално е да се укине вонредната состојба после тоа, помалку е веројатно тоа да се случи пред први мај. И во рамките на епидемијата, постојат мерки како што е забрана за училиштата забрана за групирање. Затоа, ова постепено ќе се воведува – рече д-р Кон.

Тој истакна дека вирусот е ослабен во Србија.

– Можеме да го заклучиме тоа бидејќи сè повеќе наидуваме на случаи со поблаги симптоми на вирусот. Вирусот се уште брзо се шири и циркулира, но предизвикува многу поблага болест од претходно рече тој.

Што се однесува до оваа седма недела, тој рече дека може да се случи само вирусот да се пренесува во некои колективи – социјални или здравствени.

– Нема каде повеќе да ги очекуваме овие закани, па кога ќе ги вратиме мерките мора да се грижиме и да бидеме внимателни за вирусот да не не изненади. Оние кои започнуваат да работат мора да ги почитуваат мерките.

Ќе се приближиме до крајот на епидемијата кога ќе замине 8-та недела.

– Тогаш епидемијата ќе биде при крај. Од 10 до 12 недела не можеме да очекуваме повеќе вируси. Неговото присуство ќе се следи и во текот на потоплите денови.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.