Кривичниот Суд Скопје влезе во конфликт со СЈО и МВР, на Јанева е да побара мерка притвор, што таа не го направила, а МВР не треба да чека судот да му каже што треба да работи

Објавил: Мирко Бачиќ | 14 ноември, 2018 10:54

Кривичен демантира дека СЈО побарале притвор, скандал до скандал

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Кривичен Суд Скопје, ја демантираше Катица Јанева во изјавата дека СЈО побарало притвор за Никола Груевски,кој бил одбиен од нивна страна.

Имено синоќа Јанева изјави дека побарале притвор за Никола Груевски, и тоа два пати, но биле одбиени од судот.

За предметот „Титаник“ побаравме притвор за Груевски, но Кривичниот суд не одби и одреди други мерки на претпазливост, рече обвинителка на СЈО, Катица Јанева.

Јанева го појасни и вториот обид при кој СЈО побарало мерка притвор.

Од друга страна, претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев, ја демантира Јанева. Тој истакнува дека Обвинителството во ниеден момент не побара притвор за Никола Груевски.

Не може судот самоиницијативно да определува мерка притвор, тоа е секогаш по барање на Обвинителството. Во случајот „Тенк” од самиот почеток на подигање на обвинението до соопштување на одлуката од страна на Обвинителството во ниеден момент не е побарана мерка притвор за обвинетиот Никола Груевски. – изјави претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев.

Џолев посочи дека двата пасоши на Никола Груевски и дипломатскиот и неговиот личен пасош се одземени и определена е мерката јавување во предметот „Титаник“, додека во предметот „Тенк“ нема никаков предлог ниту за обезбедување на некаков имот, ниту предлог за некакви си мерка за обезбедување негово присуство.

МВР точно е дека постапува согласно наредбите и решенијата кои што ги носи Судот, меѓутоа не треба да заборавиме дека постапува и согласно наредби коишто се даваат од страна на Обвинителството, како и самоиницијативно кога станува збор за сузбивање на криминал или спречување еве во конкретниов случај некое лице без пасош да ја напушти нелегално државата доколку се воспостави дека такво нешто се случува. – појасни Џолев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести