Зоран Милевски Кичеец со лисици на раце вечерва е спроведен на распит пред истражен судија. Милевски денеска е уапсен во еден скопски ресторан.

Објавил: Перо Милчин | 15 јули, 2019 22:56

КРИВИЧЕН ПРЕСЕЧЕ: Триесет дена притвор за Зоран Милевски Кичеец!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Зоран Милески Кичеец второ осомничениот за рекет од 1,5 милиони евра, доби 30 дена притвор неофицијално дознава Сител од извори во Судот.

Вечерва се очекува одлуката судијата на претходна постапка, да ја објави во писмено соопштение по завршувањето на сите истражни дејства.

Зоран Милевски Кичеец со лисици на раце вечерва е спроведен на распит пред истражен судија. Милевски денеска е уапсен во еден скопски ресторан.

Обвинителството од 2 мај годинава против овие две лица водело предистражна постапка при која се собрани повеќе вербални и материјални докази што даваат основа против нив денеска да се отвори истражна постапка по кривична пријава.

Кичеец и Боки 13 убедувале осомничено лице во истрага, дека се поврзани со јавниот обвинител кој ја води истрагата, дека можат да ја олеснат постапката.

За тоа барале награда од 8 милиони евра, но подоцна сумата била спуштена на 5 милиони евра, од кои примиле 1,5 милиони евра. Остатокот договориле да се исплаќа на рати во период од четири месеци.

Првоосомничениот или Боки 13, се товари и за перење пари, а парите ги пуштал во промет како легитимно стекнати и со нив купувал разни предмети, облека.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести