Сточевски од обичен хаусмајстор во Општина Центар стана шеф на инспекциските служби - купи куќа во Сопиште а е и инвеститор во зграда во Општина Аеродром

Објавил: Мартин Попоски | 21 август, 2018 13:11

Кривична за “хаусмајсторот” на Жерновски

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Најбогатиот “хаусмајстор” во Македонија Кочо Стојчевски заработи кривчна пријава откако заедно со неговиот брат минатата недела со стапови и секира претепаа шеснаесет годишен крушевчанец.

Полицијата со кривична пријава ја потврди информација a во врска со крвничкиот напад врз тинеџер од Крушево од страна на Кочо Стојчевски хаусмајстор во општина Центар и неговиот брат.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крушево поднесе кривична пријава против М.С. [ 40 ] и К.С.  [ 39 ] двајцата од Скопје за сторено кривично дело “насилство”.

Настанот се случил на 5-ти август 2018-та година околу 1 часот во Крушево на улицата “Мише Ефтим” додека две лица на возраст од 15 и 16 години седеле на скали пред вила на улицата. Првообвинетиот од тераса од неговата куќа ги замолил да бидат тивки по што се симнал и започнал расправија со 16-годишното лице а потоа и физички го нападнал удирајќи го со дрвен предмет во пределот на главата и телото.

Во нападот му се приклучил и второобвинетиот и заедно го фрлиле детето преку оградата нанесувајќи му телесни повреди.

Инаку Кочо Стојчевски е хаусмајсторот од општина Центар кој во мандатот на Жерновски успеа преаку ноќ да стане раководител на испекциските служби да се поднови со автомобил “Ауди А6” да изргади вила во Сопиште а по доаѓањето на Златко Марин како градоначалник во Аеродром стана и инвеститор во една од најголемите згради во општината објект кој во моментов е во изградба.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.