четврток, 2 мај 2024

MK/ EN/ DE



Жителите од околните згради велат дека се очајни и загрижени бидејќи овој човек скоро цела година е закана за нивните деца, кој како што велат, пред нив дува лепак, крши стаклени шишиња и урла на непознат јазик.

Објавил: Катерина Крстиќ | 1 јули, 2019 2:07

Внимавајте на своите деца: Мигрант цела година манијачи и демне девојчиња во Скопје

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото А1он

Речиси цела година жителите на неколку згради од центарт на Скопје живеат во страв за своите деца. Пред камерите на А1он, револтирани граѓани сведочат за недолично однесување на средовечен маж за кој велат дека веќе неколку пати се соблекол гол и сексуално вознемирува девојчиња.

Загрижени граѓани од Општина Центар велат дека веќе цела година се загрижени за своите деца поради лице кое се претставува како мигрант и демне и манијачи девојчиња фото А1он

Како што објави А1он, станува збор за, средовечен маж кој се преставува како емигрант среде бел ден се соблекува гол, сексулано вознемирува девојчиња, манијачи по влезови, напаѓа и краде златен накит раскажуваат револтирани граѓани од неколку згради во центарот на Скопје.

Граѓаните сведочат за настанот и пред камерата на А1он . Горан Дескоски, за А1он, раскажува дека станува збор за непредвидлива личност, тој вели дека до сега неколку пати се обиделе да го пријават поради сексуално вознемирување на девојчиња, но полицијата ќе го приведе на неколку часа, а вечерта повторно се појавувал. Како што раскажува Горан, лицето се претставува како емигрант кој говори арапски и лош англиски јазик.

Жителите од околните згради велат дека се очајни и загрижени бидејќи овој човек скоро цела година е закана за нивните деца, кој како што велат, пред нив дува лепак, крши стаклени шишиња и урла на непознат јазик.

Целиот сторија на А1он можете да го прочитате ТУКА.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.