Градоначалникот на Центар, Богдановиќ тврди дека и во проектите на Кензо Танге предвидена е стокатница на локацијата која стана спорна за јавноста и самиот град Скопје

Објавил: Мирко Бачиќ | 28 ноември, 2018 9:21

Според Богдановиќ, Кензо Танге е “виновен” за комплексот згради спроти Холидеј Ин

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Ќе има висококатници на паркингот наспроти ГТЦ во Општина Центар, локација за која е предвидено да никне комплекс згради а која е купена од државата од страна на приватна компанија и фирма блиска на МПЦ.

Градоначалникот на Општина Центар тврди дека идејата за згради на таа локација е стара 50 години, дека ја има во идејните решенија на култниот архитект на постземјотресно Скопје, Кензо Танге, но и дека нема да дозволи градба по вкус на инвеститорот.

Кензо Танге бил јапонски архитект и добитник на Прицкеровата награда во 1987 година. Со примената на елементи од современата архитектура во комбинација со традиционалната јапонска архитектура, тој конструирал градби на пет континенти и се смета за еден од најдобрите архитекти на 20. век. На почетокот од својата кариера, Танге бил под влијание на Ле Корбизје, а првата слава ја стекнал во 1949 година кога победил на конкурсот за изработка на планот за градот Хирошима, во чиишто рамки го конструирал Меморијалниот парк на мирот. Во 1950-тите години, како член на групата архитекти позната како Тим 10, тој се стремел кон движењето, коешто подоцна било наречено метаболистичко движење. Кон крајот на 1950-тите, Танге бил и еден од основоположниците на архитектонскиот струкутрализам. Во подоцнежните години, Танге работел и на развојот на урбанизмот. Покрај изработката на планот за обнова на Хироима, познат е и по изработката на урбанистичките планови за Токио и Скопје.

Откако М.Г. „Фешн“ и „Обвновители“ на МПЦ купија од државата дополнителни 9.000 метри квадратни се погласни се најавите дека наскоро ќе се појави инвеститор, кој ќе достави план за градба до општината.

На сите три парцели во „Ново Маало 2“ според постојниот детален урбанистички план од 2012-та, може да се градат 60- катници без ниту еден квадрат зеленило.

Во каква замка паднале локалната и градската власт говорат пропишаните карактеристики за оваа локација.

Генерален урбанистички план (ГУП) предвидува: 1.250 жители или 347 семејства, и 25 м2 зеленило за жител додека Детален урбанистички план (ДУП) од 2012-та дозволува: 3 парцели, по 3 објекти од 4.20 и 60 ката или 252 ката.

За сега парцелите ги купуваат и укрупнуваат две фирми.

Од пред еден месец бизнис дуото М.Г „Фешн“ на Зоран Антиќ и „Обновители“ на МПЦ се стекнаа со дополнителни 9.000 метри квадратни државно земјиште за 2.8 милиони евра од Транспорт и врски.

Сумата ја уплатила фирмата на Антиќ изедначувајќи се со вложениот имот на Лешочкиот манастир, кој што го отстапил на „Обновители“, фирма во сопственост на МПЦ, очекувајќи станови и деловен простор доколку се изградат згради.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести