Уште еднаш потенцираме дека ваквите материи претставуваат опасност за домашните миленици, бездомните животни и децата што си играат во парковите.

Објавил: Весна Петровска | 30 август, 2019 15:38

Граѓаните во Аеродром вознемирени: Насекаде има расфрлано отров – во опасност се животните и луѓето

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Од вчера на социјалните мрежи се појавија информации дека на јавните површини во Општина Аеродром се расфрла отров, со кој се загрозува животот како на животните, така и на луѓето, што предизвика голема вознемиреност и бурни реакции кај жителите.

Општина Аеродром, уште еднаш, како и во повеќе наврати досега, апелира до граѓаните да не поставуваат штетни материи на јавни површини.

Општина Аеродром апелира да не се расфрла отров, во опасност се и животните и луѓето

Уште еднаш потенцираме дека ваквите материи претставуваат опасност за домашните миленици, бездомните животни и децата што си играат во парковите.

Доколку најдете супстанција за која сметате дека е опасна, пријавете директно во полициската станица „Аеродром“ на телефонскиот број 02/2432- 362. Исклучително е важно да не допирате ништо и да не ја напуштате локацијата сѐ додека не дојде претставник од полициската станица.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.