Градоначалникот на општина Аеродром, Златко Марин, по одлуката на Уставен, не можеше а да не ја искористи можноста за самопромоција и обвинувања кон ВМРО - ДПМНЕ

Објавил: Мартин Попоски | 1 ноември, 2018 7:52

Уставен ја одби иницијативата, ќе се гради кај „Мајчин дом“

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Уставниот суд, кој расправаше за претставките поднесени против деталниот урбанистички план за градска четврт И 10, а кој ја опфаќа и парцелата кај „Мајчин дом“, донесе одлука да ги одбие сите претставки.

Со таквата одлука И10 останува активен урбанистички план за тој регион.

Градоначалникот за одлуката на Уставен го обвини ВМРО – ДПМНЕ, посочувајќи дека иако сакал, сепак судот пресудил така. 

Општина Аеродром е обврзана да ја почитува одлуката на судот, како институција со највисока надлежност за овој случај. За жал, исцрпени се сите механизми со кои Општината се обиде да го оспори ДУП И10 и да ја стопира изградбата на објектот кај ‘Мајчин дом’.

Штетите од претходното општинско раководство предводено од ВМРО – ДПМНЕ во однос на урбанистичкото планирање се веќе направени. Градоначалникот Златко Марин и новото општинско раководство остануваат цврсто на заложбите за зголемување на зелените површини и гарантирање похумани услови во општината. – се вели во соопштението на општината.

Новите урбанистички планови, додаваат од општината, се изработуваат за помалку урбанизираните делови, со цел да се заштити урбаното јадро од дополнителни градби.

Жителите на општина Аеродром сметаат дека Марин со воодушевување ја дочекал одлуката и најавија поригорозни протести.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.