Судот одлучувал по предлозите на Обвинителството на сите да им биде продолжен притворот. Јанакиески беше пренесен на преглед во градската болница „Осми септември“ и во приватна болница, но судот тоа не го прифатил како олеснителна околност за изрекување поблага мерка.

Објавил: Весна Петровска | 26 јули, 2019 15:57

КРИВИЧНИОТ СУД СО НОВА ОДЛУКА: Нови 30 дена притвор за Миле Јанакиески

Фото/Текст извор: ©оналјн магазин

Миле Јанакиески и останатите осомничени во истрагата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, добија нови 30 дена притвор, потврдија од кривичниот суд.

Судот одлучувал по предлозите на Обвинителството на сите да им биде продолжен притворот. Јанакиески беше пренесен на преглед во градската болница „Осми септември“ и во приватна болница, но судот тоа не го прифатил како олеснителна околност за изрекување поблага мерка.

Јанакиески и останатите осомничени имаат право на жалба до кривичниот совет на судот. Со истрагата која што беше отворена во јуни, покрај Јанакиески, опфатени се петмина вработени во Министерството за транспорт и врски, поранешна државна правобранителка, вработена во катастар, бизнисмен и уште две лица.

 

Нови 30 дена притвор за Миле Јанакиески

За потсетување, како што порталот Курир информираше, Јанакиески минатата недела имал лекарски преглед, во кој што бил дијагностициран проблем кој барал итна интервенција, пишува порталот.

Како што дознава Курир, во лекарскиот наод е наведено дека Јанакиески има вродена аномалија, каде што ѕидот на преткоморите е истенчен за 70 % и мора да се направи детално, комплицирано испитување.

-Потребно е да му се направи трансезофагиално ехо, со камера преку хранопроводот да се дојде поблиску до срцето, за да се види да не случајно има мешање на крв. Тогаш ќе мора истовремено да се направи интервенција за тоа да се санира. Алармантно беше тоа што на стрес-тестот во 5 минути неговиот притисок многу се качи, доби градна болка, а дополнително е тука и огромниот стрес, вели изворот за Курир.мк

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.