Покрај Јанакиески во Шпански скали обвинети се уште 10 службеници од министерството, катастар, против нотар, поранешен заменик правобранител и бизнисмени. Според обвинителството тие предизвикале штета на Буџетот од 2,64 милиони евра.

Објавил: Весна Петровска | 30 декември, 2019 12:26

Апелација одлучи: Миле Јанакиевски Новата година ќе ја помине дома!

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Миле Јанакиески останува во домашен притвор. Апелациониот суд во петокот му ја одбила жалбата, со која бараше да му биде укинат домашниот притвор, потврдуваат од скопска Апелација. Куќниот притвор на Јанакиески му е определен за случајот Шпански скали, истрага која е завршена и Обвинирелството за гонење на организиран кривимал и корупција до скопскиот Кривичен суд поднесе обвинение, објави Алсат.

Покрај Јанакиески во Шпански скали обвинети се уште 10 службеници од министерството, катастар, против нотар, поранешен заменик правобранител и бизнисмени. Според обвинителството тие предизвикале штета на Буџетот од 2,64 милиони евра.

Обвинителството наведе дека за 8 години, првоообвинетиот заедно со петмина административци, со неизвршување на своите службени должности, постапиле спротивно на одредбите од Законот за изменување и дополнување на Законот за градежно земјиште и не иницирале постапка за раскинување на Договорите за оттуѓување на градежно земјиште и враќање на градежното земјиште во сопственост на државата, а не наплатиле договорна казна, овозможувајќи купувачите да се стекнат со противправна имотна корист, наведе предтходно ОЈО.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести