Здраствени копликации по здравјето на поранешниот министер за транспорт

Објавил: Узунов Бобан | 23 јули, 2019 14:38

Миле Јанакиески оди на операција на срце ?

Фото/Текст извор: ©магазин

Поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески повторно има проблеми со здравјето. Тој вчера заврши во болница. Јанакиески мора да биде опериран.

Тој минатата недела имал лекарски преглед, во кој што бил дијагностициран проблем кој барал итна интервенција.

Во лекарскиот наод е наведено дека Јанакиески има вродена аномалија, каде што ѕидот на преткоморите е истенчен за 70 % и мора да се направи детално, комплицирано испитување.

-Потребно е да му се направи трансезофагиално ехо, со камера преку хранопроводот да се дојде поблиску до срцето, за да се види да не случајно има мешање на крв. Тогаш ќе мора истовремено да се направи интервенција за тоа да се санира. Алармантно беше тоа што на стрес-тестот во 5 минути неговиот притисок многу се качи, доби градна болка, а дополнително е тука и огромниот стрес, вели нашиот извор.

Инаку, екс-министерот Јанакиески има фамилијатна историја на здравствени проблеми. Дополнително има и покачен холестерол, а треба да се прави и коронарографија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести