И Куба со [ одржливи и применливи ] реформи во системот и промена на Уставот

Објавил: Мирко Бачиќ | 14 август, 2018 8:03

Куба почнува јавна расправа за бришење на комунистичката држава

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Кубанците од денес почнуваат да разговараат за новиот Нацрт Устав во кој не се споменува комунистичката држава се признава правото на приватна сопственост и отвора пат за можна легализација на браковите од ист пол.

Јавната дебата за Нацрт Уставот е до 15-ти ноември.

За таа цел организирани се 135.000 форуми вклучително по населбите и работните места. Тие ќе ги презентираат заклучоците на 33 пратеници кои ќе ја напишат финална верзија на Уставот за што граѓаните ќе гласаат на референдум во февруари 2019 година.

Новиот Устав кој првпат беше одобрен од Парламентот ќе го замени текстот од 1976 година.

Во Нацрт Уставот не се зборува за комунистичко општество но се потврдува социјалистичката форма на политички систем и водечката улога на Кубанската комунистичка партија.

Исто така се признава правото на приватна сопственост како и улогата на пазарите и важноста на странските инвестиции.

Новиот Устав ја воведува функцијата премиер и воведува ограничување за максимум два претседателски мандати.

Исто така создава можност да се легализираат браковите од ист пол.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести