Струмичанката се претставува себе како блогерка и инфуенсерка, а на „Инстаграм“, каде секојдневно објавува провокативни фотографии, има над 100 илјади следачи.

Објавил: Рејхан Бајрами | 13 мај, 2019 21:06

Кумата на Заев, дел од македонската делегација со министерот Николовски се шета во Чешка !

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Кумашинката на Зоран Заев, Љупка Митрова, на социјалните мрежи се пофали дека е во Брно, Чешка, заедно со тимот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Македонската делегација, на чело со министерот Љупчо Николовски, е во тридневна официјалната посета на Република Чешка, во рамките на која придружувани од пет македонски компании од агросекторот, присуствуваа и на Националниот саем за сточарство што се одржува во Брно.

Кумашинката на Зоран Заев, Љупка Митрова, на социјалните мрежи се пофали дека е во Брно, Чешка, заедно со тимот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Струмичанката се претставува себе како блогерка и инфуенсерка, а на „Инстаграм“, каде секојдневно објавува провокативни фотографии, има над 100 илјади следачи.

Мојата појава била инфлуентна уште кога знам за себе, од секогаш сум се издвојувала од опкружувањето. Едноставно тоа е во мојата природа, тоа сум Јас, изјави таа во интервју за „Убава.мк“.

Триесет едногодишната Митрова е разведена и мајка на две деца. Во регионот се прослави како девојката на победникот на „Големиот брат“, кумановецот Дарко Спејко.
Таа важи и за голем поддржувач на кумот Зоран Заев, и редовно му ги честита сите негови успеси.
Таткото на Љупка, Горан Митров – Гна е кумашин на Зоран Заев и бизнис ортак на Вице Заев, дел од струмичката градежна мафија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.