Лазов истакна дека, Велешани добро знаат што нудат господата северни елитисти, како што тој ги нарекува и  знаат дека заеднички именител им е: „Политичари со свилен гајтан“.

Објавил: Катерина Крстиќ | 5 април, 2019 12:21

Лазов до СДСМ: Џабе се фалите, донесовте само поделби во општеството

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вчеравечер бевте сведоци, дека овде токму на ова место, СДСМ на Северна и нивната коалиција одржаа митинг за да го претстават нивниот кандидат за претседател Стево Пендаровски пред Велешани. Стево веќе еднаш поразениот, истакна Кирил Лазов од ВМРО-ДПМНЕ.

Лазов вели дека Пендаровски најубедливиот пораз веќе го има доживеано во Велес

Лазов истакна дека, Велешани добро знаат што нудат господата северни елитисти, како што тој ги нарекува и  знаат дека заеднички именител им е: „Политичари со свилен гајтан“.

Лазов вели дека СДСМ, забија нож во корените, историјата, идентитетот, јазикот!

Лазов реагираше и за неинтонирањето на химната, вели сосема е очекувано од власта, оти нив ништо не им е свето. Ни изречен збор, ни пролеана крв, ни коски, ни химна, ни име, рече Лазов и додаде:

„Ајде, ние ќе ги потсетиме. Тие и онака, едно говорат, па порекнуваат и потоа забораваат. Ама Велешани паметат. Зошто Велес е град на мостови, на еснафот, на гемиите, на солунските трговци. А, нивниот, нивниот венецијански трговец Стево, бесрамно мантра за напред. Ниту знае каде, ниту знае кога, ниту знае како. Само пуста желба за претседател, кој притоа, мора да е сервилен, оти неговата земја била мала. Не случајно, драги сограѓани, тој 102% е поистоветен со неговиот политички ментор Зоран Заев. Претендентот за нобеловец. Се колне во деца, се расфрла со нови празни ветувања за надеж, светла иднина, европска перспектива, инвестиции, 500 евра плата. На дело реформи 0, резултати 0.  Тоа е „сидрото“ што влече напред. Аболицираниот капетан на брод во шише. Ама велешани го имаат Вардар и Јаниташ. Не може Заев да ги превесла. Велешани се пливачи на сулинот“.

Велес, потенцираше тој, е град со џамија, манастир и цркви. -Со верба во Бога, во право и правда. И храм во карпа ѕидан од најголемиот Дамјанов. Со камен на раце носен. Не е како онаа црквата на Заев, никната со евро за Вицето. Со лаги, изнуда и поткуп. Северни уште еднаш да Ве потсетиме! Ова е градот и на Рацин. Велешани на свеќа пишувале и затоа прочитани сте! Вие народни пари арчите и можете уште 100 пати да дојдете, ама залудно Ви е! Вашиот Стево Пендаровски најубедливиот пораз го има веќе доживеано во Велес. За Вашите предавнички политики народот на 21 април, истата сметка ќе Ви ја испорача! Се фалите со едно општество за сите, а донесовте поделби! Господа од СДСМ, Северна е вашата, нашата е Македонија, вели Лазов!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.