Последните откритија објавени во неделата наутро од страна на Ла Верита за системот на изнуда востановен од власта на Зоран Заев, што докажуваат дека токму премиерот менаџирал со настаните.

Објавил: admin@magazin | 22 октомври, 2019 6:33

ЛА ВЕРИТА ДЕНЕС: Во Македонија премиерот Заев поднесува оставка под притисок на ЕУ и на истрагите за корупција!

Фото/Текст извор: ©онлине-магазин

Нервозното негирање на обвинителите ги потрвдува последните откритија на Ла Верита за системот на изнуда којшто постои во Македонија. Извршната власт на Заев формално завршува во јануари, а во април има нови избори.

Од Ларис Гаизер

Последните откритија објавени во неделата наутро од страна на Ла Верита за системот на изнуда востановен од власта на Зоран Заев, што докажуваат дека токму премиерот менаџирал со настаните , предизвикаа реакција на обвинителските институции коишто се засегнати, но пред се помогнаа да се Зоран Заев да не го реализира својот план за предвремени избори тргајќи ја опозицијата на страна од процедурата.

Според законот којшто беше донесен токму за да му помогне на Заев во 2016, опозицијата и власта треба да формираат 100 дена техничка влада која што ќе го подготви изборниот процес. Влада во која опозицијата го добива битното министерство за внатрешни работи.

Притискајќи за избори во декември, Заев се надеваше да ја фати во стапица опозицијата со нивните барања за избори, негирајќи и ја можноста да има контрола врз изборниот процес и врз жешките досиеја за истрагите за потенцијален криминал кои го засегаат.

Нашата статија, во којашто објаснувавме како има истрага во тек која што може да ја потврди директната контрола на Заев врз криминалните активности на Боки13 и Катица Јанева, беше предмет на негирање од страна на јавниот обвинител Љубомир Јовески и обвинителот Наум Пановски.
Како и да е, ако во нашата статија се докажуваше дека во тоа време Вилма Рускоска, таа што по наредба на Заев наводно одблокирала сомнителен трансфер од 750.000€ во корист на Боки13 – со цел да се спроведе преку една пензионирана госпоѓа во години, била на чело на обвинителството за организиран криминал и дека плаќањето било замрзнато 48 часа, двајцата судии повикани од нас, само потврдија дека тогаш Русковска била заменикот обвинител и дека спорната сума била замрзната неколку недели.

Нервозното негирање на обвинителите всушност ги докажува целосно фактите коишто ги објавивме, меѓутоа избегнувајќи да одговорат како била спроведувана истражната активност во врска со едно очигледно нелегално плаќање, врз основ на базичните банкарски стандарди. Македонските институции, во обид за одбрана на нивното лошо работење, пробаа да го демантираат нашето откритие обидувајќи се да докажат формална недоследност без притоа да се свесни дека не само што ја потврдуваа содржината, туку и дека го будат сомнежот за тоа дека напредувањето на кариерата на Рускоска се должи на фактот дека е верна соработничка на Зоран Заев.

Во секој случај, клучниот момент во “земјотресот” е всушност друг. За време на целиот ден, никој, ниту политички, ниту судски не се обиде да интервенира, и да го демантира фактот дека Заев лично дал наредба за одблокирање на парите во корист на Боки13 и никој не објасни како тоа една госпоѓа во години во една европска земја може така едно3да повлече од шалтер 750.000€.

Следствено на настаните, претседателот Стево Пендаровски, за време на лидерската средба кај него, не го фаворизираше екс-соработникот Заев.
Свесен за својата институционална улога, со оглед на тоа дека информациите објавени од нас во овие месеци се само минимален дел од едно многу поголемо досие што го докажува лошото раководење на државата од страна на Заев, и дека модалитетот за стопирање на преговорите за членство значи убедлива недоверба на ЕУ кон актуелниот премиер и кон Македонија, Пендаровски побара да се одржат предвремени избори почитувајќи ја легалната временска рамка. Наместо во декември, граѓаните ќе може да гласаат во април следната година. Датум прифатен и од опозицијата со цел да му се даде можност на актуелниот македонски парламент да ги заврши сите обрвски за влегување во НАТО, на почетокот на 2020.

Од денес Заев е премиер во оставка. Неговата влада формално ќе заврши во јануари, меѓутоа изборната кампања е веќе почната. Со државнички потег Пендаровски за момент го воспостави владеењето на правото.

Повторно им даде шанса на македонските граѓани да се изјаснат, и се промовира самиот себе како лидер на една реновирана социјдемократска партија без Заев, по истекот на неговиот мандат како претседател.
Меѓународната заедница конечно може да земе здив.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.