Левица побара од Собранието на РМ – како распишувач на овој срамен и пропаднат Референдум, да се самораспушти и да распише предвремени парламентарни избори

Објавил: Мартин Попоски | 30 септември, 2018 20:10

Левица побара оставка од Владата

Фото/Текст извор: ©република.мк

Денес, еден мал и мирољубив народ на Балканот го покажа своето достоинство и гордо одби да се самоукине истакнаа од Левица.

Денес, Македонците, Албанците, Турците, Власите, Србите, Ромите, Бошњаците и сите други наши сонародници – солидарно, преку организиран масовен бојкот на илегалниот референдум, покажаа сплотеност и заедништво во отпорот спрема империјализмот спроведен од корумпираните елити и го одбрани асномскиот карактер на Републиката. –  се вели во првичната реакција на Левица по затворањето на избирачките места за референдумот запромена на името и зачленувањето на Македонија во ЕУ и НАТО.

Левица обзнанува дека референдумот за промена на уставното име на Републиката, според домашните и меѓународните важечки регулативи, и официјално е неуспешен.

Во задолжителна правна сила останува плебисцитарно донесената одлука од Референдумот за независност 1991, каде што е утврдено единственото име на државата – Македонија. – се вели во реакцијата на Левица од каде најавуваат дека вечерва делегација на партискиот президиум 20:30 часот, ќе се поклони пред споменикот на АСНОМ во паркот “Жена борец”.

Воедно од партијата ја повикаа Владата да поднесе оставка.

Истовремено, ја повикуваме Владата на РМ, поради целосното губење на легитимитетот, под итно да поднесе неотповиклива оставка, а Собранието на РМ – како распишувач на овој срамен и пропаднат Референдум, да се самораспушти и да распише предвремени парламентарни избори. –  пишува во соопштението на Левица.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Референдум

Во одредени избирачки места се гласало на секои 9 до рекордните 5.4 секунди во Центар Жупа, со што во последните 30 минути од референдумот се уфрлени над 50.000 ливчиња

Во Центар Жупа рекордно се “гласало” на секои 5 секунди

Обвинувањата од страна на ВМРО – ДПМНЕ и Светскиот Македонски Конгрес, кои сметаат...

Министерството за надворешни работи на Грција со изјава во која стои дека и самите се збунети што се случи во Македонија и дека коментарите се контрадикторни со реалноста

Грција е збунета кој што слави во Македонија

Голем дел од општеството го поддржа договорот, друг дел го гледа со скептицизам, но...

По "далеку од здрав разум" изјавите на Заев и Ахмети, се јави и нивниот ментор, Јоханес Хан кој честита пропаднат референдум

Хан им честита на малцинството граѓани кои гласаа на пропаднатиот референдум

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан смета дека гласовите “за“ на референдумот...