Подгответе го вашиот појадок претходната вечер за да не мора да го прескокнувате најважниот оброк во денот.

Објавил: admin@magazin | 22 ноември, 2020 9:50

Ленено семе – најдобриот растителен извор на омега 3

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Ленено семе – најдобриот растителен извор на омега 3!

Наутро немате време или можеби желба да направите хранлив појадок?

Подгответе го вашиот појадок претходната вечер за да не мора да го прескокнувате најважниот оброк во денот.

Се што треба да направите наредното утро е да одвоите најмалку две минути за целиот процес. Овој пудинг од ленено семе е густ, хранлив појадок со кој можете многу да експериментирате во поглед на додатоците.

Предлог за појадок: Пудинг од ленено семе

За овој рецепт, потребни ќе ви бидат:

  • 6 супени лажици мелено ленено семе
  • 1 ½ чаша вода (можете да користите и бадемово млеко, доколку сакате)
  • 1 зрела банана, исечкана на тркалца
  • 3 урми, со извадени семки и исечкани

Додатоци:

  • 1/2 чаша боровинки, капини, малини или било кое друго овошје
  • 1/2 чаша ореви, бадеми, кикирики, индиски ореви или било какви други јаткасти плодови

Начин на подготовка:

1) Истурете ленено семе и вода (или бадемово млеко) во шоља или тегла, покријте ја и оставете ја во фрижидер преку ноќ, за убаво да го покиснете лененото семе. Следниот ден смесата треба да има структура на желатин.

2) Додадете ја мешавината од ленено семе и вода во блендер заедно со бананата и урмите, па блендирајте додека смесата не се изедначи. Треба да добиете погуста, течна смеса.

3) Префрлете ја смесата во длабок сад и додадете овошје и јаткасти плодови по желба.

– Овој рецепт прави 2 порции.

Нутритивна вредност:
(на 1 порција, БЕЗ додатоци)

Калории: 195 Јаглехидрати: 27.5g од кои растителни влакна: 8.2g и шеќери: 14.3g; Протеини: 4.8g; Масти: 9.1g од кои заситени масти: 0.8g и Омега-3: 4.8g; Манган: 0.7mg;

Др: Митов

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...