Таа рече дека денеска не стои овде само во лично име, туку и во име на сите обвинители, Рустеми, Донев и Фетаи кои се на годишен одмор.

Објавил: admin@magazin | 16 јули, 2019 15:47

ЛЕНЧЕ РИСТОСКА: Немаме информации дека Катица Јанева е опфатена со истрагата на ОЈО во случајот „Рекет

Фото/Текст извор: ©онлине магаѕин

Oбвинителката од Специјалното јавно обвинителство Ленче Ристоска придружувана од колегите обвинители, рече дека внимателно ги следат случувањата и апелира да се почитува начелото на пресумпција на невиност. Интегритетот од СЈО не е засегнат ниту во еден момент.

Обвинителката Ленче Ристоска на денешниот брифинг со новинарите, рече дека СЈО продолжува со својата работа и во име на сите обвинители и стручната служба, вели дека институцијата ќе продолжи да работи на зачувување на интегритетот и смета дека последните случувања дека немаат влијание на останатите предмети.

Таа рече дека денеска не стои овде само во лично име, туку и во име на сите обвинители, Рустеми, Донев и Фетаи кои се на годишен одмор. 

Се уште немаме информации дека лидерот на Специјалното јавно обвинителство (Катица Јанева) е опфатена со истрагата на ОЈО во случајот „Рекет“ и сите случаи да се расчистат, што е и во наш интерес, рече специјалната обвинителка Ленче Ристовска 

„Секогаш сме постапувале согласно законските прописи. Стоиме зад работата која сме ја завршиле, сите постапки продолжуваат и не се доведени во прашање. Нашето постапување е во рамките на законските прописи. Внимателно ги следиме случувањата и апелирам да се почитува начелото на пресумпција на невиност. Нашиот интегритет не е засегнат ниту во еден момент. Сите се еднакви пред Уставот и законите и ние стоиме позади тоа секој да одговара, но постапките мора да се почитуваат“, рече Ристоска.

Повика секое лице да ги пријави ваквите активности и како индивидуи и како институција дека СЈО е отворено за соработка.

„Тука сме да помогнеме да ги размениме доказите и информациите со останатите институции“, додава таа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.