четврток, 2 мај 2024

MK/ EN/ DE



Иако многумин помислуваа дека и долгогодишната ријателна на Цеца, Лепа Брена ќе присуствува на свадбата, сепак таа не се појави на церемонијата.

Објавил: Катерина Крстиќ | 27 ноември, 2019 19:47

Лепа Брена не беше на свадбата на Вељко и Богдана- Цеца открива зошто не ја викнала

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вељко и Богдана Ражнатовиќ во неделата го кажаа судбоноснато ДА. Свадбата го доби епитетот свадба на деценијата и присуствуваа 480 гости, роднини пријатели но и многу познати личности.

Иако многумин помислуваа дека и долгогодишната ријателна на Цеца, Лепа Брена ќе присуствува на свадбата, сепак таа не се појави на церемонијата.

Светлана Цеца Ражнатовиќ во неделата го ожени синот Вељко Ражнатовиќ со неговата избраничка Богдана Родиќ.

Цеца и Брена имаат децениско пријателство но сепак таа не дојде на свадбата на синот единец на Цеца. Брена наместо на свадба кај Вељко,ги спакува куферите и замина во Монако, по што веднаш почнаа медиумите да шпекулираат.

Според она што беше објавено Брена не се појавила во „Хајат“ затоа што на свадбата бил поканет Аца Лукас, а како што веќе е познато таа и пејачот не е во добри односи.

Цеца Ражнатовиќ за српски „Курир“ ја откри вистинската причина зошто Брена не била меѓу гостите на „свадбата на деценијата“.

Не, жената не ни беше поканета, тоа се само лоши шпекулации, изјавила Цеца.

За потсетување ни Цеца ниту нејзините деца не беа свадбата кај Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.