Модриќ за прв пат ја добива оваа престижна награда

Објавил: admin@magazin | 31 август, 2018 12:07

Лука Модриќ избран за најдобар фудбалер во Лигата на шампионите

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Хрватскиот репрезентативец и фудбалер на актуелниот европски шампион Реал Мадрид, Лука Модриќ за првпат во кариерата беше избран за најдобар играч во Лигата на шампионите за минатата сезона.

Модриќ престижната награда ја доби во конкуренција со доскорешниот соиграч Кристијано Роналдо и напаѓачот на Ливерпул Мохамед Салах.

Ние сме едно големо семејство. Дали ќе се обидеме да ја освоиме титулата по четврти пат? Ќе се обидеме, ќе биде тешко, истакна Модриќ на свеченоста по повод доделувањето на наградите на УЕФА.

Воедно Модриќ беше избран и за најдобар фудбалер за врска.

Инаку, Кристијано Роналдо не присуствуваше на церемонијата на доделувањето на наградите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фудбал

Репрезентативците на Марково се вистинско изненадување на ова првенство. За потсетување, тие со својата пожртвувана игра претходно во осминафиналето успеаја да ја елиминираат репрезентацијата на Шпанија.


Фото: EPA-EFE/Ali Haider
Напаѓачот и најголема ѕвезда на Португалците, Кристијано Роналдо и овој меч го започна на клупата за резервни играчи. Во игра влезе во 51. Минута, кога селекторот на Португалија реши да го стави на местото на Рубен Невеш.

Португалија имаше доволно време да израмни, напаѓаше силно, но не успеа да ја затресе мрежата на одличниот голман на Мароканците, Боно.


Фото: EPA-EFE/Georgi Licovski
Мароко во полуфиналето ќе ги одмери силите со подобриот од вториот денешен четвртфинален натпревар на Светското првенство во Катар што ќе го играат репрезентациите на Франција и Англија.

Вчера во драматични натпревари, со пресврти за пласман во полуфиналето се изборија репрезентациите на Хрватска и Аргентина кои се првата полуфинална двојка.

Мароко испиша историја: Ја победи Португалија и оди во полуфинале на Светското првенство во Катар

Мароко во полуфиналето ќе ги одмери силите со подобриот во вториот денешен четвртфинален...

Триумфот го донесе Александар Трајковски. Милевски емотивно заедно со останатите играчи го прослави големиот успех, а има и две причини за радост. Првата е секако победата над Италија, а втората е дека денес (25 март) му е роденден!

Благоја Милевски е роден во 1971 година во Скопје. Полни 51 година, баш заедно со победата над Италија. Селекторе, среќен нека е и само успеси со Македонија!

МАКЕДОНИЈА НАПРАВИ СВЕТСКО ЧУДО: Ја победи Италија на нејзин терен и обезбеди финален бараж за Мундијал!

Македонија ги елиминира европскиот првак Италија среде Палермо и дојде само на еден...