Тој комплетираше фантастичен хет-трик на индивидуални признанија

Објавил: Данаил Михајловски | 24 септември, 2018 22:46

Модриќ најдобар фудбалер на светот според ФИФА

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Лука Модриќ е добитник на наградата за најдобар фудбалер во светот според ФИФА.

Играчот на Реал Мадрид и хрватската репрезентација комплетираше фантастичен хет-трик на индивидуални признанија, откако претходно беше прогласен за најдобар на Светското првенство во Русија, а потоа го понесе и признанието за најдобар фудбалер во Европа според УЕФА.

Тој во оваа конкуренција ги победи Кристијано Роналдо и Мохамед Салах, кој сепак не си оди со празни раце, бидејќи ја доби наградата „Пушкаш“ за најдобар гол.

Селекторот на француската фудбалска репрезентација Дидие Дешамп ја понесе наградата за најдобар тренер, додека неговиот сонародник Рејналд Педрос е прогласен за најдобар тренер во женска конкуренција.

Тибо Куртоа ја понесе наградата за најдобар голман. За белгискиот чувар на мрежата немаше место во идеалната постава на ФИФпро во чиј избор учествуваа 25.000 професионални фудбалери.

Идеалниот состав го сочинуваат, Давид де Геа (голман), Дани Алвеш, Рафаел Варан, Серхио Рамос, Марсело (одбрана), Еден Азар, Лука Модриќ, Енголо Канте (среден ред), Килијан Мбапе, Лионел Меси и Кристијано Роналдо (напад).

Најдобра светска фудбалерка е Бразилката Марта, која по шести пат во кариерата се закитува со оваа награда.

Кристијано Роналдо и Лионел Меси не се појавија на гала вачерта во Лондон.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фудбал

Репрезентативците на Марково се вистинско изненадување на ова првенство. За потсетување, тие со својата пожртвувана игра претходно во осминафиналето успеаја да ја елиминираат репрезентацијата на Шпанија.


Фото: EPA-EFE/Ali Haider
Напаѓачот и најголема ѕвезда на Португалците, Кристијано Роналдо и овој меч го започна на клупата за резервни играчи. Во игра влезе во 51. Минута, кога селекторот на Португалија реши да го стави на местото на Рубен Невеш.

Португалија имаше доволно време да израмни, напаѓаше силно, но не успеа да ја затресе мрежата на одличниот голман на Мароканците, Боно.


Фото: EPA-EFE/Georgi Licovski
Мароко во полуфиналето ќе ги одмери силите со подобриот од вториот денешен четвртфинален натпревар на Светското првенство во Катар што ќе го играат репрезентациите на Франција и Англија.

Вчера во драматични натпревари, со пресврти за пласман во полуфиналето се изборија репрезентациите на Хрватска и Аргентина кои се првата полуфинална двојка.

Мароко испиша историја: Ја победи Португалија и оди во полуфинале на Светското првенство во Катар

Мароко во полуфиналето ќе ги одмери силите со подобриот во вториот денешен четвртфинален...

Триумфот го донесе Александар Трајковски. Милевски емотивно заедно со останатите играчи го прослави големиот успех, а има и две причини за радост. Првата е секако победата над Италија, а втората е дека денес (25 март) му е роденден!

Благоја Милевски е роден во 1971 година во Скопје. Полни 51 година, баш заедно со победата над Италија. Селекторе, среќен нека е и само успеси со Македонија!

МАКЕДОНИЈА НАПРАВИ СВЕТСКО ЧУДО: Ја победи Италија на нејзин терен и обезбеди финален бараж за Мундијал!

Македонија ги елиминира европскиот првак Италија среде Палермо и дојде само на еден...