Во моментов во Бали се одржува самит на Г20, а на состанокот на Г7, покрај Бајден, присуствуваа и лидерите на Канада, Европската комисија, Европскиот совет, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Холандија, Шпанија, Велика Британија.

Објавил: Катерина Крстиќ | 16 ноември, 2022 8:09

Светските лидери одржаа итен состанок по падот на проектили во Полска

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Белата куќа официјално соопшти дека американскиот претседател Џо Бајден свикал итен состанок на лидерите на Г7 во врска со експлозијата во Полска предизвикана од два проектила!

Во моментов во Бали се одржува самит на Г20, а на состанокот на Г7, покрај Бајден, присуствуваа и лидерите на Канада, Европската комисија, Европскиот совет, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Холандија, Шпанија, Велика Британија.

Претседателката на ЕК, Урсула Фон Дер Лајен го објави соопштението издадено по состанокот во кое се осудуваат „варварските ракетни напади што Русија ги изврши врз украинските градови и цивилната инфраструктура во вторникот”.

„Разговаравме за експлозијата што се случи во источниот дел на Полска во близина на границата со Украина. Ја нудиме нашата целосна поддршка и помош за тековната истрага на Полска. Се согласуваме да останеме во близок контакт за да ги одредиме соодветните следни чекори додека трае истрагата.

Ја потврдуваме нашата цврста поддршка за Украина и украинскиот народ во однос на тековната руска агресија, како и нашата континуирана подготвеност да ја сметаме Русија одговорна за нејзините дрски напади врз украинските заедници, дури и кога Г20 се состанува за да се справи со пошироките влијанија на војната. Сите ние изразуваме сочувство до семејствата на жртвите во Полска и Украина”, се вели во соопштението објавено после состанокот.

Веднаш по инцидентот, САД и ветија на Полска помош на секој начин, вклучително и во деталната истрага околу експлозијата. Инаку, Полска ноќеска потврди дека ракетите кои паднале во Пржеводов се од руско производство, но и дека нема потврда кој ги истрелал.

Американскиот претседател Џо Бајден синоќа телефонски разговараше со својот полски колега Анджеј Дуда!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.