Колку и да се уверуваат жените дека се многу покомплицирани од мажите, тоа не е баш така во реалноста. Еве кои се барањата на мажите кога се работи за совршената жена…

Објавил: admin@magazin | 15 јули, 2018 17:59

Мажите имаат зацртано одредени критериуми што совршената жена мора да ги исполнува

Фото/Текст извор: ©магазин

Замислите на мажите не се толку комплицирани

Мажите имаат зацртано одредени критериуми што совршената жена мора да ги исполнува
Колку и да се уверуваат жените дека се многу покомплицирани од мажите, тоа не е баш така во реалноста. Еве кои се барањата на мажите кога се работи за совршената жена…

Самодоверба

Мажите ги обожаваат жените кои имаат свој став и мислење. Колку и да ви се чини дека тие сакаат да доминираат во врската, нема ништо поздодевно од жена која се согласува со сè и гази преку сопствените зборови. Освен тоа, не си дозволувајте да се жалите поради својот изглед во присуство на мажите. Нема ништо поубаво од жена која се чувствува одлично во своја кожа и отворено го покажува тоа.

Смисла за хумор

Ова дефинитивно е една од пресудните особини на совршените жени. Заедничката смисла за хумор ја одржува врската здрава и им дава светлина на негативните ситуации.

Почитување на приватноста

Одолејте и’ на желбата да му го проверувате телефонот и не го спречувајте да се дружи со пријателите и без вас. Дајте си и себеси и нему слободно време во кое ќе правите нешто што не правите кога сте заедно.

Мистериозност и непредвидливост

Не му дозволувајте да ве чита како отворена книга. Изненадете го саканиот со нешто што никогаш не би го очекувал од вас. Покажете му некои вештини што ги поседувате, а кои претходно не сте му ги откриле и никогаш немојте да ги издавате сите ваши тајни.

Цврст карактер

Не се претворајте во нешто што не сте. Покажете го вашиот вистински карактер и бидете лојални на себеси.

Насмевка
Вашата насмевка може да му го поправи расположението на вашиот партнер. Насмевнувајте се што е можно почесто, искрено и со љубов!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Еротика

Почна да ме соблекува. Го зеде сунѓерот што стоеше во тоалетот, му стави многу течен сапун со опоен мирис. Ми го масираше вратот, зад ушите, па почна надолу да оди накај моите бутови.

СЕКС ЕРОТСКА ПРИКАЗНА: И да сакав не можев да прекинам, ме занесе страста

На Марина (34) од Германија и требаше повеќе од една година додека конечно се одучи да...