Билтен на сообраќајни незгоди

Објавил: Мирко Бачиќ | 12 август, 2018 12:23

Маж се бори за живот – автобус удри дете

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Маж се бори за живот по тешката сообраќајна несреќа што се случила вчера наутро во 07:00 часот во село Долно Палчиште тетовско.

Управувајќи со патничко возило “БМВ” со тетовски регистарски ознаки И.К. [ 54 ] од село Долно Палчиште излетал од патот и удрил во бетонски ѕид.

Од ударот И.К. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничка болница Тетово од каде како итен случај во неконтактибилна состојба бил префрлен во Ургентен центар при комплексот клиники “Мајка Тереза” – Скопје каде бил задржан на лекување и се наоѓа во животна опасност.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово.

Единаесетгодишно момче е тешко повредено откако автобус удри во него.

Сообраќајката се случила вчера во 19:40 часот на улица “Едвард Кардељ” во Струга кога автобус “Ивеко” со струшки регистарски ознаки управуван од Г.П. [ 57 ] од село Мислешево струшко удрил во велосипед управуван од 11-годишното момче од Струга.

Од ударот детето се здобило со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош Струга бил пренесен во болницата “Св.Еразмо” – Охрид каде му била укажана лекарска помош и бил задржан на понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Струга.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сообраќај

Од Синдикатот на контролори на летање велат дека се единствени, а добиваат се поголема поддршка од вработените. Доколку не се исполнат нивните барања, продолжуваат со штрајк секој четврток од 11 до 17 часот, но не ја исклучуваат можноста и за негово интензивирање

Денеска 6 часа без полетувања и слетувања на аеродромите во Скопје и Охрид, поради штрајк

Денеска на двата аеродрома во државата, скопскиот и охридскиот, 6 часа ќе нема полетување...

Кандидатите треба да достават и доказ дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

ЈСП ОБЈАВИ ОГЛАС ЗА ВОЗАЧИ Кандидатите треба да имаат минимум 2 години возачко искуство

ЈСП „Скопје“ објави оглас за вработување на возачи. На веб страната на јавното претпријатие...

Патничките возови 601 на релација Скопје – Велес и 2080 на релација Велес – Скопје нема да сообраќаат во периодот од 26 јуни до 10 јули, освен во недела кога ќе сообраќаат според возниот ред, информираат од ЈП ЖРСМ Инфраструктура.

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули! Патничките...