Македонецот од Сиднеј, Австралија, Мајкл Дамески, на чекор до победата на американското шоу „World of Dance 2018“, со последниот настап ја воодушеви Џенифер Лопез

Објавил: Мирко Бачиќ | 7 септември, 2018 8:42

Македонецот Мајкл Дамески со настапот во „World of Dance 2018“ ја крена Џенифер Лопез на нозе

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Неговиот настап е магичен, волшебен, неопислив …

Неколку зборови, кои сепак не можат да го доловат настапот на македонецот Мајкл Дамески, кој со својот настап во „World of Dance 2018“, го крена жирито на нозе, а меѓу нив и познатата Џенифер Лопез.

Реакциите на Џенифер Лин Лопез позната американска актерка, поп пејачка и танчерка за настапот на Дамески беа воодушевувачки.

Дваесет и двегодишниот Мајкл Дамески, Македонец кој живеел во Австралија, синоќа стаса до финалето во познатото американско шоу „World of Dance 2018“.

Жирито, во кое е член е и светската ѕвезда Џенифер Лопез, и овојпат остана без зборови пред изведбата на талентираниот Дамески.

Наградата за победникот на ова шоу изнесува еден милион долари, а Дамески е само на чекор од неа.

Дамески во 2008 година има учествувано и на „Златно Славејче“ со песната „Еден Танц“. Мајкл последниве три години живее во Лос Анџелес, Калифорнија.

Мајкл Дамески е роден на 7 Ноември 1995 година во Сиднеј од родителите, Македонци таткото Пеце и мајката Неда Дамески.

Уште од рана возраст на шест години се учествува во натпревари за танцување без да посетува часови за тоа и се пласира во првите места.

Набргу го запишуваат на часови по танцување во школата за танцување на „Гленда Ји“, а од таму заминува во „Брент Студио“.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести