Во Велес првото новороденче дојде на свет на 2 јануари во 9 часот. Овие бебиња ќе влезат во статистиката за наталитетот за 2020-та. Она што ќе остане забележано во ланската 2019-та е што прв пат во историјата, Македнија влезе во негативна стапка на природен прираст на население.

Објавил: Катерина Крстиќ | 2 јануари, 2020 22:11

Македонија влезе во негативна стапка на раст на населението

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Поразителни се бројките на новородени бебиња. За прв пат во историјата Македонија влезе во негативна стапка на раст на населението.

Во Скопје и во неколку поголеми градови првите новороденчиња пристигнаа уште на први јануари, но голем број други градови се уште се во очекување на нивните нови жители.

Во Велес првото новороденче дојде на свет на 2 јануари во 9 часот. Овие бебиња ќе влезат во статистиката за наталитетот за 2020-та. Она што ќе остане забележано во ланската 2019-та е што прв пат во историјата, Македнија влезе во негативна стапка на природен прираст на население.

Беа родени помалку деца отколку што починале граѓани, или според статистиката на демографот Дончо Герасимовски за период од 9 месеци, се родиле 14 622 што е помалку за околу 1500 од истиот период во 2018. За разлика од негативните бројки на живородени, морталитетот е во пораст. Лани умреле 730 повеќе лица во споредба со истиот период 2018.

Овој негативен процес во Европа е почнат поодамна, а веќе неколку години се пресликува и во земјите од регионот. Македонија е последна во опкружувањето, но за точни резултати потребен е попис на населението што поскоро порачува Герасимовски.

Интересен е податокот што општините со претежно албанско население кои го правеа позитивниот процент на природен прираст во 2019 е во опаѓање.

Главната причина покрај модерниот начин на живеење во Европа, кој опфаќа едно до две деца во семејство, во Македонија причина е иселувањето на младите. Герасимовски смета дека е потребен итен план и стратегија за демографија, но искуствата покажуваат државите кои влегле во негативна стапка на природен прираст со години остануваат во таков статус без можност да го  вратат наталитето во позитива.

Извор: СИТЕЛ

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести