Неофицијалнио на средбата Коѕијас - Павлопулос сепак станало збор за алтернативен план, ако Скопје не ги изгласа уставните измени и ако падне владата на Ципрас

Објавил: Мирко Бачиќ | 17 октомври, 2018 12:08

Македонија главна тема на средбата Коѕијас со грчкиот претседател

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас, бил примен на средба со грчкиот претседател, Прокопис Павлопулос, за да разговараат за ситуацијата со договорот за името, пишува „Катимерини“.

Извори од претседателството во Атина за весникот го потврдиле одржувањето на средбата, но не презентирале подетални информации за текот на дискусијата помеѓу двајцата политичари

Претходно минатата недела Коѕијас го обвини министерот за одбрана, Панос Каменос, за поткопување на владините позиции во однос на договорот

Претседателот на Независни Грци го навлече гневот на својот коалициски партнер Сириза поради алтернативниот план за договорот, презентиран во рамки на неговата посета во Вашингтон.

Неофицијалнио на средбата Коѕијас – Павлопулос сепак станало збор за алтернативен план на Грција по извесното неприфаќање на уставните измени од страна на Собранието на Македонија но и неизвесноста дали владата на Ципрас ќе опстане уште долго или Грција исто така ќе мора да оди на нови предвремени избори за пратеници.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.